Anaid Tutghushyan (14) од Полска се фрлила под воз после еден ден откако била силувана. Неа сексуално ја злоупотребил маж кој го запознала преку Facebook.Девојчето го запознала мажот на Facebook на кого му кажала дека има 25 години. Кога почнале подобро да се запознаваат, таа му рекла дека има 17 години, но тоа не му пречело на Кристијан В. кој имал 40 години.
После состанокот со него, Anaid се вратила дома плачејќи, а следниот ден веќе извршила самоубиство.
Отишла на железничка станица, каде патниците кои биле таму за време на несреќата, ја посматрале 20 минути како седи на клупа и плаче. После тоа станала, ја соблекла јакната и се фрлила пред експресниот воз.
Избезумената мајка Џоана не знаела што се случува со нејзината ќерка иако ја видела пред настанот како плаче:
„Мислев дека се скарала со некое момче. Видов дека има солзи во очите. Ја прашав што се случило, но ништо не ми одговори, само плачеше и силно ме прегрна. Сакав да разговара со мене, но таа сакаше да излезе малку надвор па кога ќе се врати ќе разговараме. Никогаш не се врати“ – изјавила нејзината мајка.
Нејзината мајка сакала да открие што се случува позади самоубиството на нејзината ќерка и влегла на нејзиниот Facebook профил, каде ги прочитала допишувањата со Кристијан. Дознала дека тој се допишувал и со други девојчиња.
После погребот, Џоана слушнала од нејзините другарки дека Anaid била силувана. Несреќното девојче ја побарало својата другарка преку телефон на денот на самоубиството кажувајќи и само дека била силувана. Во истиот момент ја спуштила слушалката и не се јавила кога нејзината другарката упорно и ѕвонела на мобилниот.
Кога Џоана го дознала ова, исконтактирала со другите девојки со кои Кристијан се допишувал. Со 14 девојчиња со кои таа разговарала, три и кажале дека Кристијан ги силувал, четири дека пробал да ги силува, а останатите кажале дека се обидел да ги уценува и им се заканувал.
Сите девојки изјавиле дека силувачот ги заведувал на исти начин нудејќи им луксузни клубови, скапи автомобили и јахти.
Полицијата изјавила дека им е познат после две пријави од страна на девојче кое имало 16 години. Првата тужба била отфрлена, а другата сеуште се истражува. Полицијата и понатака ги истражува деталите на овој случај.Девојчето го запознала мажот на Facebook на кого му кажала дека има 25 години. Кога почнале подобро да се запознаваат, таа му рекла дека има 17 год



