За секој естетски и козметички проблем постојат небројно многу решенија во облик на разни козметички препарати, но не е на одмет да се знае и по некој совет за убавина од кујнски работи. Ви претставуваме шест едноставни трикови кои се практични и ефективни. Испробајте! 1. Употребувајте мед наместо маска за лице. Медот има силно антибактериско дејство и поволно делува на акните и на мозолките. Намачкајте го лицето со мед, оставете го да стои 10 минути и потоа измијте го со топла вода.
2. Избелете ги забите со сода бикарбона. Помешајте ја со својата паста за заби.
3. Наместо пена за бричење употребувајте регенератор за коса. Регенераторот ја хидрира кожата и ги прави влакната меки, па на тој начин депилацијата е полесна.
4. Обновете ги ноктите со сок од лимон. Ако на ноктите имате грди дамки од често нанесување лак за нокти, истријте ги со лимонот.
5. Употребувајте портокал за омекнување на кожата на лактовите и на петите, како и за пилинг на целото тело. Киселината и витаминот Ц се одлични за отстранување на старите ќелии и обновување на кожата. Едноставно исечето го портокалот и истријте се со половината.
6. Чувајте ги козметичките производи во фрижидер. Секако не сите, но лаковите за нокти, моливите за очи, маскарите и руменилата можете да ги чувате на ладно. Лаковите ќе ви траат подолго, а моливчињата за очи и усни ќе бидат поцврсти и ќе работите со поостри линии на нив.1. Употребувајте мед наместо маска за лице. Медот има силно антибактериско дејство и поволно делува на акните и на мозолките. Намачкајте го лицето



