„Додека ја држев во раце, мојата ќерка почна да се гуши. Силно преташе со рацете и нозете, но дишењето престана и умре. Кога престана да диши, го замолив Бога да ми ја врати во живот и се заколнав дека ќе дадам се од себе за да изградам храм“ – раскажува отец Јован Осјак.Кога му изгорела првата куќа, додека сеуште бил татко на пет деца, не можел ни да замисли дека ќе стане свештеник и дека од темел ќе изгради десет куќи, зграда, четири храма, епархиска богословија и неделно школо, ниту пак дека ќе стане татко на 18 убави, добри, интелигентни и љубопитни деца.
На празникот Пресвета-Троица во храмот Ростов на Дон, протојереј Јован Осјак ја прославил 25 годишнината од свештенската координација. Во таа прилика тој дал повеќе од интересно интервју:
Оче Јован, како се запознавте со вашата сопруга?
– Кога прв пат се запознав со неа бев војник. Служев како офицер за комуникации во воената разузнавачката служба. Имаше три девојки. Едната од нив беше многу скромна. Најпрво сватив колку е убава од внатре, а покасно дојде на ред и нејзината надворешна убавина. Ми се допадна нејзината скромност, мистерија, строгост и чистото срце. Колегите во една прилика ми раскажаа како ме чекала на автобуска станица, цел ден на топлото сонце, само да не го пропушти автобусот со кој сум се враќал од одмор.
Среќен сум што таа е моја сопруга.
Имате многу деца и многу награди. Имавте ли многу искушенија?
– Нашето семејство преживеа три пожари. Се изгоре до темел. Три пати моравме да ја обновуваме куќата. Господ ни даваше сила и ни помогна да го надминеме сето тоа. Сега живееме во куќа која е во наша сопственост.
Каде живеевте кога ви изгоре куќата?
– Живеевме во шталата. Куќата ни изгоре но шталата си остана каква што беше. Двете помали деца ни беа на интензивна нега, а останатите ги пративме кај роднини. Навечер, кога со сопругата ќе легневме во кревет, по нас преминуваа стаорци. Ќе се замотавме во јорганот и се обидувавме да ги избркаме подалеку од нас. Беше страшно и многу непријатно, но немавме избор. Што можевме да направиме?
Преживеавме многу. Беше зимно време во 1989 година. Мојата мајка беше болна и отидовме до кај неа за да и однесеме лекови. За тоа време, децата си играле со кибрит и куќата се запалила.
Кога избил пожарот, петте деца се нашле во средината на пламенот. Да не беше нашата соседка Ана…го скршила прозорецот и ризикувајќи го својот живот, ги спаси нашите деца. Докторите кажаа дека нашите најмали деца нема да го дочекаат утрото. Во 3 часот наутро, сите станавме на молитва:
„Господе, спаси ги нашите деца, за да израснат во добри луѓе кои ќе веруваат во тебе!“ Утрото дознавме дека за време на нашата молитва, се случило чудо: на синовите почнале белите дробови да им се чистат од чадот. Но следниот ден друга несреќа: смртта на мојата мајка. Најстрашна работа е да се изгуби саканата личност. Пред тоа, го изгубив мојот сакан татко, а сега се простував од својата мајка.
А што бевте по професија?
Пред бракот и за време на воената служба, бев обучен за чевлар, механичар, возач, фризер и радиомеханичар. Сето тоа ми користеше во животот. Кога влеговме во брак со мојата сопруга, јас бев обичен дечко кој работеше во катедрала. Кога децата почнаа да ни се раѓаат, купивме помала куќа. Си одгледувавме земјиште, се трудевме, одгледувавме цвеќиња и овошје за продавање и ловевме риба.
Бевме млади, обезбедени, добро заработувавме и парите ни беа доволни. Животот ни се одвиваше на еден убав начин. Изгледаше како ништо да не ни беше потребно, само малку повеќе памет.
Најинтересно од се е што на денот на пожарот излегов во градината и кажав: „Господе, те молам, помогни ми, научиме да градам. Имам пари, имам пет деца, но немаме каде да се сме сместиме. Не знам како да направам соба, немам искуство, но и памет ми недостига“.
Два дена покасно, куќата ни изгоре до темел. Што побарав, тоа си добив. Требаше само да го преживеам тоа. Одма сватив дека Господ ме слушна и ни помага, дарувајќи ни искуство и разум низ ова искушение. Но, слава Му, сите деца ми останаа живи и здрави.
За среќа, кога ни гореше куќата, мојот единствен најдобар пријател кого најмногу го почитувам и сакам, беше со мене цело време. И на мојата сестра и се случи несреќа. Сите заедно се дигнавме на нозе. Нејзината стара куќа изгоре, а новата испадна десет пати подобра. Бог ни дава некои искушенија, но Тој ни дава сила и снага за да се избориме со нив.
Дали во вашето семејство се случиле чуда?
– Веќе споменав дека уште со првиот пожар се уверивме во неговата големина, кога нашите деца беа на интензивна нега, се молевме и децата ни останаа живи. Во една прилика надчежниот епископ предложи да основам Света – Тројца парохија.
После разговорот со митрополитот, кој ме сослуша и не го прифати моето одбивање за кое ми даде три дена да размислам, ситуацијата на нашата тешко болна ќерка Јелена, се влошуваше и наредното утро почна да се гуши. Ја носев на раце, борејќи се за нејзиниот живот веќе седум месеци.
Додека беше во мојата прегратка, почна да се гуши. Силно преташе со рацете и нозете, дишењето престана и умре. Веднаш штом престана да дише, го замолив Бога да ми ја врати во живот и дадов збор дека ќе направам се што е во моја моќ да изградам храм. Сопругата се заколна дека ако ќерката ни преживее, ќе пее во црковниот хор. И тогаш, незнам ни јас како, добив идеа да и дадам вештачко дишење.
Кога тоа го направив, нејзиното дишење почна да се враќа. Сега, храмовите се изградени, нашата ќерка стана попадика и диригент на хор и со својот сопруг имаат три деца. Нивниот прв син го добил името Иван, во знак на благодарност кон Бога.
Како успеавте покрај сите проблеми да ја сочувате љубовта?
– Животот е краток. Кога седнуваме на трпеза, со децата водиме интересни и долги разговори. Тоа што ни се случи, како да помина брзо. Во сеќавање остана само она што е убаво, а сите непријатности ги оставивме позади нас. Фала му на Бога за се. Имаше многу искушенија, но благодарение на Бога, поминавме низ се. Децата ни се живи, здрави и посилни.
Кажете ни нешто за вашите деца?
– Имаме осум момчиња: Иван, Алексеј, Евгениј, Александар, Владимир, Григориј, Сергеј и Серафим и десет девојчиња: Олга, Јелена, Марија, Татјана, Ана, Надежда, Евдокија, Дарија, Анастасија и Ксенија која трагично го изгуби животот.
Постарите деца се веќе обезбедени и образувани луѓе. Иван е претприемач. Алексеј и Евгениј се при крај со третиот факултет (Ставрополска богословија, Факултет за кавкаските народи и Санктпртербуршката духовна академија). Двата зета се свештеници, а едниот син е во ѓаконски чин. Фала му на Бога, се е како што треба.
Сите се плашат да имаат големо семејство и да раѓаат деца. Но не треба да се има страв. Тоа е најважната работа. Кон неа треба да се пристапува одговорно. Ако мажот одлучи да се венча со својата сопруга, треба да свати дека тоа е за цел живот. Ако не свати, или ако се двоуми дали да се жени или не, подобро воопшто не го прави тој чекор. Истото важи и за жената, ако и таа е во дилема, не треба да се мажи за да не направи грешка. Но ако и двајцата сфатат дека до својата смрт сакаат да живеат заедно, тогаш треба да ствараат фамилија. А што се однесува до тоа…не смее да се планира! Децата се Божји дар. Ако двајцата се сакаат и ако Бог и даде плодност на мајката и добијат дете, тоа е нешто најдоброто во животот. Кога му изгорела првата куќа, додека сеуште бил татко на пет деца, не можел ни да замисли дека ќе стане свештеник и дека од темел ќе изгради десет



