Иако многумина ќе ве советуваат да посетувате исцрпувачки тренинзи или започнете да започнете со ригорозна исхрана за да се борите со вишокот тежина, американскиот невролог Daniel Amen тврди дека е доволно да откриете каков тип на личност сте и содветно на тоа да ја започнете вашата исхрана.Наместо да брзате во теретана, прво треба да ги утврдите вашите слабости и да дознаете што ве тера да јадете. Д-р Amen неодамна објави книга во која тврди дека луѓето кои се склони кон зголемување на телесната тежина може да се класифицираат во пет категории: компулсивен, импулсивен, компулсивно-импулсивен, емоционален и повлечен тип на личност.
*Компулсивен тип
Припаѓаате на овој тип, ако сте склони кон претерувања и имате проблем со несоница.
Овој тип има тенденција да се фокусира само на храна. Протеините не дебелеат, тие го зголемуваат фокусот, со оглед на фактот дека компулсивните луѓе го имаат многу, требаат наместо протенини да јадат повеќе сложени јаглехидрати. Тие дефинитивно ќе му помогнат на телото да произведе повеќе серотонин, што го подига расположението.
Што треба да јадете: кафеав ориз, лосос, банани, месо од мисирка, семки од сончоглед
Што треба да избегнувате: кофеин и храна богата со протеини
*Импулсивен тип
Во оваа група припаѓате, ако јадете кога не сте гладни, ако сте расеани, не сте организирани и постојано доцните.
Вие треба да избегнувате јаглехидратите и шеќерот, бидејќи тие го зголемуваат расположението и го намалуваат нивото на само-контрола. Ако мислите сте од овој тип, вметнете што повеќе пилешко и житарици во исхраната, бидејќи тоа ја подобрува концентрацијата.
Што треба да јадете: бифтек, пилешко, мисиркино, јајца и зрнеста храна и да пиете зелен чај
Што треба да избегнете: јаглехидрати и шеќер
*Компулсивно-импулсивен тип
Припаѓате на овој тип на ако ги имате карактеристиките на компулсивно и импулсивна личност, која размислува за храната во текот на целиот ден. Овој тип на личност треба да се фокусира на вежбање и на намалување на храната која ја консумирате, бидејки тоа е најдобар начин да се ослободите од вишокот тежина.
Што треба да пиете: многууу зелен чај
Совет плус: поминувајте што повеќе време на сонце
*Емоционален тип
Вие сте емоционална личност, ако сте склони кон главоболки, често ви е досадно, се чувствувате осамени и имате ниска самодоверба.
Овој тип на личности мора да го зголеми внесувањето на омега-три масни киселини кои го смируваат телото.
Што треба да јадете: јајца, ореви, лешници, брокула
Што треба да избегнувате: алкохол и кофеин
*Повлечен тип
Ако сте срамежливи, гризете нокти и се чувствувате непријатно во друштво, дефинитивно припаѓате на овој повлечен тип на личност.
Невролог Daniel Amen вели дека овие луѓе ја користат храната како еден вид на лек за чувството на напнатост, нервозата и стравот.
Што треба да јадете: млечни производи, јужно овошје, спанаќ, бадеми
Што треба да избегнете: алкохол и кофеинНаместо да брзате во теретана, прво треба да ги утврдите вашите слабости и да дознаете што ве тера да јадете. Д-р Amen неодамна објави книга во кој



