Рок на траење: Пет правила кои откриваат кога е време за фрлање на обувките

Честопати размислуваме дали чевлите кои ги имаме со години, се веќе за во канта за губре, но знаеме да ги облечеме за да си докажеме себе си дека сеуште не се за фрлање…Износените обувки се штетни за нашите нозе и стапала, па затоа мора да се фрлат. Проверете во кои случаеви обувките треба да се фрлат без размислување!
1. Мокасинки, чизми до глужд и други секојдневни обувки  

Ако истите обувки ги носите на работа повеќе од 4 пати неделно, после година дена сигурно ќе им треба поправка. Излижениот ѓон ќе треба да го смените кај чевлар и во тој случај ќе можете да ги доносите уште една сезона. Но ситуацијата се менува кај обувките со пуна пета.
Таа едноставно се излижува и се појавуваат дупки кои се невозможни за поправка. Поради притисокот на стапалото, понекогаш се излижува само еден дел и тоа допринесува искривување. Кога ќе приметите ваков проблем, подобро фрлете ги обувките бидејќи со нивно носење само ќе предизвикате штета на своите нозе и стапала.
2. Спортски обувки

Кога барате обувки за трчање или вежбање мора да бидете внимателни бидејќи тие мора да ви обезбедуваат максимална потпора на ногата за време на физичките активности, а поради притисокот телото брзо се троши.
Општото правило кажува дека рокот на траење на обувките кои се наменети за трчање е помеѓу 400 и 800 истрчани километри.
Оние кои помалку трчаат, со обувките можат да издржат и до година дена. Спортската обувка апсорбира доста пот, поради кои влошките внатре немаат потпора на брзо сушење, а покрај собирање на влага и топлина, се појавуваат и бактерии.
Па така оние кои имаат интензивни тренинзи повеќе од 4 пати неделно, спортската обувка треба да ја менуваат на секои 6 месеци.

3. Високи потпетици

За нив треба да се води најмногу грижа бидејќи се високи и тесни, па се расипуваат побрзо од рамните обувки. Најмногу штета настанува на врвот на штиклата кај прстите, бидејќи тој дел најмногу „носи“ телесна тежина.
Кога дебелината на платформата ќе се намали за 50%, тогаш е време за поправка или фрлање. Кај платформите има можност за поправка, но кај обичните потпетици и салонки – нема спас.
4. Сандали и апостолки

Сандалите и апостолките имаат исклучително тенка платформа која брзо се излитува. Но најважниот дел на овие обувки се ременчињата.
Тие се одговорни за стабилноста и сигурноста на ногата, го држат стапалото на место и поради тоа многу брзо се рашируваат. За да смените ремче најверојатно ќе ве чини колку и нови сандали, па затоа подобро фрлете ги старите и почастете си се нови.Износените обувки се штетни за нашите нозе и стапала, па затоа мора да се фрлат. Проверете во кои случаеви обувките треба да се фрлат без размислув

Пронајдете не на следниве мрежи: