Замислете, овој тренд има се повеќе гледаност и посетеност на социјалните мрежи. Работата на девојките е секој ден да се прејадуваат, а што е најбизарно, сето ова има сексуална конотација…Една од девојките која се впуштила во овој необичен „бизнис“ е Mis Iv. Нејзиниот идентитет не е познат, ниту пак нејзиниот изглед бидејќи на видео клиповите кои ги објавува не се гледа нејзиното лице. Во прв план е нејзиниот стомак и на снимките се гледа како јаде, подждригнува, ика и го мази својот стомак.
Зошто некој воопшто би сакал ваква снимка? Одговорот е: бидејќи од нив многу добро се заработува. Секое нејзино видео има по десет илјади прегледи.
Mis Iv се прејадува со се што ќе и падне при рака, а ако мора да бира тогаш дефинитивно се одлучува за нездрава и калорична храна.
За 5 до 10 долари можете да купите видео филмови со наслов „Прејадување со торта од цреши“ и „Обична надуеност на стомакот“.
Кога почнала да се занимава со оваа работа, 21 годишната Iv имала 50 килограми, а од тогаш па до денес се здебелила за 30 килограми повеќе. Тоа што е најчудно во сето ова е што личностите кои многу јадат и го покажуваат своето тело на таков начин, го прават за сексуално да ги возбудат останатите или сами себе си.
Во овој бизнис влегла благодарение на нејзиниот бивши дечко.
„Имаше нешто егзотично во тоа да јадам пред него. Повеќе задоволство чувствував кога јадев нешто мрсно или одвратна храна. Тој ме исмеваше и ме нарекуваше дебелуца. Јас уживав во тоа“ – изјавува Iv.
Луѓето кои се занимаваат со оваа работа и нивните обожаватели се приклучуваат на групата „feederism“, односно фетиш во кои поединци од тие кои се дебелеат и оние кои гледаат, доживуваат егзотично искуство. И многу добро заработуваат од тоа.
Уште една ѕвезда од овој бизарен тренд е Reenaye Star, модел за возрасни, која ја води страната BBWBuffet (BBW-big beautiful women), што значи големи прекрасни жени, и постојано постира фотографии и видеа SSBBW (Супер големи преубави жени) кои се занимаваат со вообичаениот секс, но и некои специфични фантазии како прејадување и играње со стомаците. Членството на оваа страна изнесува 24.95 долари месечно, а обожавателите можат да купат кратко видео за само 5 долари. Нејзиниот сајт е многу популарен што минатата година оваа страна заработила 70.000 долари.
„Ја поминав својата посакувана тежина. Висока сум 160 см и моментално имам 192 килограми. Сакав да имам 150 килограми, но ова е стил на живот кој вклучува дебелеење, и тоа го сакам. Мојата моментално идеална тежина би била 225 килограми, но не би сакала да имам повеќе од 205“ – изјавила Reenaye.
Овој фетиш си има своја друга страна. Овој начин на исхрана е прилично скап.
Reenaye јаде 4.200 калории дневно за да може да ја одржува својата тежина. Само еден нејзин ручек носи две предјадења, пилешко и 40 парчиња суши. За своето здравје вели дека е прилично добро.
„Секоја жена не сака да биде најдебелата жена на светот, но сите знаеме што правиме. Мојата мобилност до некаде е ограничена поради тежината, но јас сум активна личност како за жена со толкава килажа. Идам на редовни прегледи и добро се грижам за себе“ – изјавува Reenaye.
Овие девојки изјавиле дека во стварноста често биле несреќни поради својот изглед, но конечно сега имаат чувство на контрола и да изедат било што, тие и понатаму се чувствуваат секси. Причина за тоа е што се повеќе луѓе се приклучуваат на нивната страна. Друштвените мрежи им овозможуваат лесна комуникација помеѓу тие што се дебелеат и оние кои уживаат гледајќи ги.
Иако личностите кои се во овој бизарен тренд, тврдат поинаку, ваквиот начин на живот тешко дека може да биде здрав, па прашањето е колку долго личностите кои се склони на овој фетиш можат да останат здрави и живи?!Една од девојките која се впуштила во овој необичен „бизнис“ е Mis Iv. Нејзиниот идентитет не е познат, ниту пак нејзиниот изглед бидеј



