Обновете ја `рскавицата на природен начин!

Правилната исхрана е клучна за превенција на готово сите проблеми со нашите зглобови, но е подеднакво важна и за обновување на `рскавицата на колената, колкот и `рбетот.Одржувањето оптимална телесна тежина со добро избалансирани намирници, како и избегнувањето на големо физичко напрегање во текот на денот, докажано ги намалуваат ризиците од претераното трошење и потенцијалните оштетувања на `рскавицата.
Симптоми за оштетување на `рскавицата на коленото
`Рскавицата е вид еластично сврзно ткиво кое влегува во состав на поголем број структури на човековиот организам. Ја има во градниот кош, носот, бронхиите, ушите, а ги обложува и пршлените, лактовите, колената, колкот. Помалку е еластична од мускулите, но не е цврста како коските.
Нејзина основна функција е да овозможува подвижност на зглобовите, со што спречува коските да се тријат едни од други – кога и доаѓа до оштетување.
Посебно е важно да се чува од повреди, посебно кога станува збор за `рскавицата на коленото. Со оглед на тоа дека коленото претставува најголем зглоб во човековиот организам, потребно е да се пази менискусот или `рскавицата од неговата внатрешна и надворешна страна да биде здрава и глатка за коленото да биде подвижно и функционално.
Сепак, разни фактори може да предизвикаат пореметувања – стареење на организмот и болести, како што на пример е остеоартритисот, кој најчесто ги погодува зглобовите на рамењата, вратот (ја отежнува подвижноста на главата и предизвикува вртоглавици), колковите, колената, рачните и ножните зглобови.
Симптомите кои укажуваат на намален квалитет на структурата на `рскавицата или пак нејзино целосно исчезнување, се: болки при движење, како и отоци и затегнатост на мускулите. Освен дегенеративни промени, причина за трошење и оштетување на `рскавицата може да биде и нешто друго – механички повреди при удар, претерана физичка активност, носење тешки предмети, како и вишок килограми.
Во продолжение може да прочитате кои се најдобрите природни лекови за обновување на `рскавицата!

Како да ја обновите `рскавицата на колената и колкот
Скорешни истражувања покажале дека консумацијата на намирници богати со аминокиселината лизин, се од голема помош, бидејќи таа учествува во обновувањето на колагенот од којшто се состои `рскавицата. Со оглед на тоа дека таа не се синтетизира во организмот, потребно е да се внесува преку исхрана – оптимално количество е 12 милиграми за секој килограм од нашата телесна маса.
Со таа супстанца изобилуваат мешунките, бакаларот, црвеното месо, јајцата, сојата, јогуртот, сирењето, сушеното овошје, гравот и сл.
Освен лизин, многу е битен хондроитинот кој учествува во зачувувањето на `рскавицата и исто толку е значаен за природното обновување на `рскавицата.
Хондроитинот ја апсорбира водата во сврзното ткиво, со што се чува еластичноста на `рскавицата. Освен тоа, може да ги блокира бројните ензими коишто ја разградуваат, но и да потпомогне при создавањето нова `рскавица.
Оптималното количество на оваа супстанца изнесува од 1000 до 1200 милиграми дневно, а се добива од рскавицата на морскиот пес, како и од свињите и кравите. Освен тоа, хондоритинот често се комбинира со глукозаминот, кој ја поттикнува флексибилноста и подвижноста на зглобовите, но е и значаен за природното обновување на `рскавицата. Тој се добива од хитинот, кој се наоѓа во оклопот на морските ракови, крабите, јастозите и сл.
Храна за `рскавица
Исхрана која се базира на намирници богати со витамини е од клучно значење за правилното формирање и обновување на `рскавицата на коленото.
На телото му е неопходен витамин Ц.
Оптималното дневно количество изнесува 75 милиграми, а одличен извор е цитронот, портокалот, мандарината, грозјето, капината, како и нивните сокови.
Овој витамин го има и во кромидот, пиперката, компирот, зелената салата и сл.

Витамин Д за коски, зглобови и `рскавица
Студија реализирана во 2009 година, која е објавена со наслов „Артритис и ревматизам“, потврдува дека изложувањето на сончева светлина и витамин Д, директно допринеле кон подобра подвижност на зглобовите кај заболените пациенти кои биле тестирани.
Резултатите покажале дека е неопходно да се внесува доволно количество витамин Д во организмот, со цел да се спречи појавата на остеоартритис. Тој може да се најде во млекото, житарките, лососот, но и во харингата и остригите.
Намирниците богати со витамин А, исто така го поттикнуваат обновувањето на `рскавицата на колкот и колената.
Природен лек за обновување на `рскавицата – желатин
Додаток е во многу салати и десерти, а освен што е едноставен за подготовка, желатинот има една предност – тој е извонреден природен лек за обновување на `рскавицата во колената, но и во останатите зглобови. Имено, неколку истражувања покажале дека консумацијата на оваа намирница, во значителна мера може да помогне при регенерација на `рскавицата.
Оптималната количина за консумација изнесува 10 грама дневно, а со редовно внесување може да се спречат и непријатните симптоми на остеоартритис. Богат е со протеини, има 10 есенцијални аминокиселини, меѓу останатото – пролин и хидроксипролин, кои помагаат во регенерација на мускулното ткиво.
Уште една предност е што во желатинот нема масти и холестерол, што не е случај со поголемиот број намирници кои се богати со протеини. Освен тоа, изобилува со колаген – супстанца која учествува во изградба на ткивата, коските, тетивите, лигаментите и `рскавицата, чии количини се намалуваат со стареењето на организмот.Одржувањето оптимална телесна тежина со добро избалансирани намирници, како и избегнувањето на големо физичко напрегање во текот на денот, докажано

Пронајдете не на следниве мрежи: