Сите сме имале најразлични видови пијанство – среќни, емоционални, лути … Прочитајте какви можете да бидете кога ќе испиете малку повеќе, и следниот пат обидете се избегнете некое вакво сценарио.Без разлика дали тоа ви се случило вам или сте биле во друштво на некоја девојка која го “избришала подот” под влијание на алкохол, сигурно знаете колку такви ситуации можат да бидат непријатни. И ако прочитате што се може да ви се случи во овие фази, можеби ќе бидете во можност да избегне некој од овие бламови следниот пат кога ќе излезете.
Ги сакате сите околу вас
Кога ќе се напиете сосема е логично дека сите емоции ќе побрзаат надвор. Вашата блиска другарка одеднаш ви станува најдобрата другарка, и сосема е нормално дека во тој момент заслужува милиони прегратки. Постои голема шанса и дека лицето кое само што го запознавте да ја добие иста количина на љубов. Се случува и да не можете да го одвоите погледот од убавите момци со кои разговаравте, па веднаш да им го дадете вашиот телефонски број.
Можеме ништо да направиме
Како е тоа што кога ќе испиеме малку повеќе, нашата интелегенција се намалува на 30? Во тој моментот забораваме дека сме образовани, успешни и млади жени. Нашиот речник се состои од: “Како, о Боже мој, мислам навистина, у ствари,” најдобриот дел од реченицата: “Не можам” или “Дури и тоа неможам ” или “. Јас навистина не можат” Во секој случај, ако некој околу вас е трезен ќе умре од смеа.
Збориме за минатото
Запознајте емотивна пијана жена. Наместо да се истакне во толпата, таа е вонекое ќоше од клубот и се гуши во солзи. Пријателките стануваат нејзини машини за поддршка и ја уеруваат дека е “доволно добра” и дека “тој бил само обичен идиот и дека таа заслужува подобр.” Големи се шансите дека секоја девојка имала барем една таква вечер. Кога ќе почнете да пиете имате негативни вибрации во мозокот, голема е веројатноста дека во текот на вечерта ќе се претворите во таа девојка. Минатото треба да остане во минатото, и затоа во сегашноста, треба да живеете. Значи престанете да плачете за минатото драги девојки соберете се и почнете да уживате.
Постираме кретенски статуси на социјални мрежи
Во слична категорија ги вклучуваме пораки испратени кон вашите поранешни партнери. Секое постирање на социјалните мрежи треба да биде сведено на минимум. Да, и направите грешка благодарејки и на иконата „едит“можете да поправите грешките. Но, што ќе се случи кога вашето расудување и рефлекси се забавени? Ќе се разбудите со илјадници известувања и ќе сфатите дека сте направиле огромна глупост. Дајте го вашиот телефон на другарка и кажете и да не ви го дава ни за жива главата.
Трошите многу пари
Леле, минатата ноќ потрошив само 1.000 денари! Како е тоа можно? Баш сум царица! Ох, драга, гшаолеми се шансите дека не се секаваш на посета на банкоматот и плаќањето на пијачките за цело друштво.
Правите планови и договори кои потоа ги заборавате
Влегувате во клуб или бар, испивате неколку пијалаци, разговораш со пријателите, и кога одеднаш се појавува стар пријател кој не сте го виделе со години. Толку си среќнашто го гледаш! Се разбира, паѓа договор ќе се видите, ќе излезете на вечера или во кино. И следното утро кога ќе се разбудите и ќе ја прочитате пораката на телефонот ќе се чудите, како е можно таа личност да го добила вашиот број. Најверојатно немате поим кој е тој, а доколку имате поима за кого станува збор сигурно не се сеќавате дека сте го сретнале.
Премногу пушите
Ќе купите цела кутија само за да бидете сигурни дека нема да ви недостигаат цигари во средината на ноќта. Но секогаш се случува спротивното кон средината на ноќта вие пак немате цигари, и се „гребете“ од секој кој ќе го забележите со цигара во рака. Утрото се распаѓате од ужасниот вкус во устата и болки во грлото и белите дробови. Мамурлокот најчесто се влошува, поради количинара на никотин кој сте го вметнале во себе.
Се бакнуваш со некој од тип
Во ред, ли е кога одеднаш ќе го најдете вашиот јазик во устата на маж кој стотуку сте го запознале, ве преплува страст и не можете да се воздржите, па се наоѓате во ситуација како си ги „лижете лицата“ или пак уште полошо се „фаќате “ на сепарето пред цела дискотека.
Не признавате дека сте пијани
Одрекувањето е задолжителна фаза на пијанство. Колку пати сте изговориле: “Не сум пијана многу?” Тоа што вие паднавте по скалите или пак одитепо некоја замислена крива линија, не е важно. Или пак се обидувате да го погодите зборот од прва ама тоа некако не ви оди од рака, затоа не лажете очигледно е дека сте пијани.
Се карате со сите
Постојат девојки кои се многу агресивни кога ќе се напија. Додека некои плачат, порачуваат пијалак за сите, овие бараат кавга, доколку само ја погледнете на криво таа ќе ви се развика, а дури може да ве удри.Без разлика дали тоа ви се случило вам или сте биле во друштво на некоја девојка која го “избришала подот” под влијание на алкохол, сигурно знаете



