Овие 12 исклучително ВАЛКАНИ предмети ги допираме секој ден!

Секојдневно допираме голем број валкани површини кои сеат зараза и предизвикуваат многу проблеми. Избегнување на употребата на овие работи е невозможна, но, сепак ако знаеме кои се тие нашата претпазливост по допирот ќе биде зголемена.Во прилог ви ги донесуваме највалканите 12 работи со кои секојдневно доаѓаме во контакт:
Кујнски површини и апарати
Кујната е една од најчесто користените простории, а и поради храната во неа, размножувањето на бактериите е многу забрзано, отколку во останатите простории од куќата. Добро е да се посвети поголемо внимание на површините таму. Миењето на рацете по употреба на кујнски прибор е задолжително.
Пари
Бактериите по нив се безбројни. Често забораваме да ги миеме рацете по допирање на банкноти, а не треба.
Брави од врати
Без разлика дали сте дома или во канцеларија, овој елемент од ентериерот е доста валкано место. Потребно е одржување на чистотата на бравите од вратите дома, како и миење на рацете во канцеларија по пипање на овие објекти.
Кафемати
Кафе машината во канцеларија, како и вендинг машините по улиците се места на кои врие од бактерии, бидејќи стотици луѓе ги допираат секој ден. Покрај тоа, тие емитуваат топлина, која е природен предуслов за размножување на бактериите.
Банкомати
Тие исто така се јавни уреди во кои буквално врие од бактерии. По нивната употребата, вие ги допирате уште и валканите пари, кои ги пренесуваат бактериите од нив на вашиот паричник, чанта и така натаму во синџирот.
Колички во супермаркети
Нив ги користат многу луѓе. Откако ќе се пипне рачката од количката, се пипа и храната која ја ставаме во неа. Ако храната не е спакувана, ризиците за здравјето се доста големи.

Клучеви
Често забораваме да ги дезинфицираме. Најмногу клучевите за отклучување на влезната врата се едни од највалканите делови во домот. Со валканите раце од улицата, ние посегнуваме по некои предмети и второто нешто што го допираме по вратата е клучот за отклучување.
Далечински управувач
Може да помине доста време, додека се сетиме да го дезинфицира. Обично ова се случува кога ќе почне да се лепи и миењето е императив.
Мобилен телефон
Тој е постојано во нашите раце. Ова го прави многу валкан предмет. По неговата употреба се допира лицето, очите, се чешаме, некои пушат цигара цигара – сите овие активности ги пренесуваат микробите кон нашата уста.
Копчиња во лифт
Нема потреба да објаснуваме дека токму тие веројатно никогаш не се чистат – од моментот на пуштање во употреба на лифтот, па сѐ до денот на престанувањето.
Тастатура
Дури и да е ваша лична тастатура, тоа не значи дека нема потреба од чистење. Ако пак во работата делите еден компјутер со колегите, задолжително минувајте барем со антибактериска влажна крпа еднаш дневно по површината на вашиот монитор и копчињата.
Микробранова печка
Чистењето на кујната е задолжително, но дали ги  чистите сите апарати? Веројатно не, освен ако не се извалкаат од исушена храна. Копчињата на микробрановата печка се носители на бројни бацили поради честата употреба.Во прилог ви ги донесуваме највалканите 12 работи со кои секојдневно доаѓаме во контакт:
Кујнски површини и апарати

Пронајдете не на следниве мрежи: