Бремените жени треба да бидат внимателни кога земаат лекови во чија содржина има парацетамол, бидејќи долгорочната употреба на тие лекови може да влијае на репродуктивното здравје на децата од машки пол.До овој заклучок дошле научниците од универзитетот Единбург, кои го тестирале влијанието на парацетамолот врз лабораториски глувци, објавија БиБиСи и Ројтерс.
Според научниците, парацетамолот би можел да се зема само ако е крајно неопходно и тоа за што е можно помал временски опсег, а секоја бремена жена која има потреба од дополнително лекување, треба да побара специјализирана медицинска помош.
Според Британската регулаторна агенција за лекови и здравствени производи, парацетамолот е еден од ретките лекови кои се сметаат за безбедни за бремените жени.
Сепак, голем број студии алудираат дека неговото внесување може да предизвика репродуктивни проблеми во утробата, каков што е ризикот за намалување на нивото на тестостерон во плодот.До овој заклучок дошле научниците од универзитетот Единбург, кои го тестирале влијанието на парацетамолот врз лабораториски глувци, објавија



