Добро знаете дека вашите усни често се изложени на испукнување. Поради тоа треба да преземете сè што можете за да го спречите нивното испукнување со употреба на лабело кое може и самите да го приготвите во домашни услови.
Набавете вазелин и ставете неколку лажички во чинија, зависно од тоа колкава количина сакате да направите и топете го во микробрановата печка 30 секунди.Доколку сè уште вазелинот е тврд откако ќе го извадите ставете го повторно на 30 секунди да се истопи целосно. Откако ќе добие на течност, ставете екстракт од ванила кој може да го најдете во секој поголем супер маркет, или аптека. Капнете максимум 10 капки и на целата таа смеса додајте му супена лажичка мед кој ќе мудаде сјај на вашето лабело.
Доколку не сакате да го вметнете медот, прескокнете го овој чекор, вашето лабело секако ќе им даде сјај на усните, но сепак не толку интензивен. Мешајте ја смесата неколку минути и ставете ја во веќе испразнета опаковка од лабело, или кутивче од крем за лице. Оставете ја смесата да се стврдне еден час во ладилникот и потоа пробајте го вашето ново лабело од ванила кое добро ќе му дојде на вашите усни.
Набавете вазелин и ставете неколку лажички во чинија, зависно од тоа колкава количина сакате да направите и топете го



