Комбинација од два лека успешно го редуцира туморот

Во меѓународно истражување кое опфатило 945 пациенти утврдено е дека  лечењето со ипилимумаб и ниволумаб го спречило напредувањето на рак во рок од година дена  во 58 проценти од случаите.Британските доктори ги претставиле резултатите од истражувањето во Американското здружение на клиничките онкологии. Британскиот центар за истражување на болести од рак соопштил дека комбинацијата од овие два лека „му задала силен удар“ на еден од најагресивните облици на канцер. Меланом, најсериозниот  облик на рак на кожа е најчест облик на рак во Британија.
Повеќе од 2.000 луѓе  во Британија умираат од оваа болест секоја година. Доктор Џејмс Ларкин, консултант од калската Марсден болница рекол дека при земањето на овие два лека имунолошкиот систем на пациентот може да ги препознае туморите кои претходно не можел, да реагира и да ги уништи.
„Што се однесува до имунотерапијата, никогаш не сме виделе дека туморот  се намалува процентуално  кај повеќе од  50 поценти од пациентите, така што ова е многу значајно“, рекол тој.
Докторите, сепак не можат да кажат колку пациентите ќе живеат, а не е утврдено ниту зошто некои пациенти на овие лекови  реагирале многу добро, додека кај некои немало никаква реакција. Посебен проблем се нус појавите како што е замор, осип и дијареја.Британските доктори ги претставиле резултатите од истражувањето во Американското здружение на клиничките онкологии. Британскиот центар за истражува

Пронајдете не на следниве мрежи: