Соодветна ташна според обликот на вашето тело

Кога познатите дами во текот на една година од целата понуда на безброј дизајнерски парчиња ќе се одлучат за еден особен аксесоар, тогаш знаете дека станува збор за најпопуларниот моден додаток на годината, а тоа е ташната. Ташната е прекрасен моден додаток кој го заокружува изгледот на секоја жена. Но, ташната може да го направи изгледот префинет или сосема да го уништи. Затоа, внимавајте кога купувате и одбирате ташни. Тие треба да ги нагласат вашите најдобри делови од телото и да бидат дел од вас.Високи и слаби жени
На овие жени најдобро ќе им прилегаат мали коктел ташни и ташни со мали, незабележителни рачки. Големите и масивни ташни не изгледаат убаво на висока девојка.
Ниски жени
Бидејќи ниските жени сакаат да изгледаат барем сантиметар повисоко, тоа можат да го постигнат со ташна со долги и тенки рачки во боја на облеката која ја носат. Избегнувајте широки ташни со големи рачки и разни додатоци, бидејќи тие прават да изгледате уште пониски од тоа што сте.
Жени со широка половина и колкови
Широката половина, големиот стомак и широките колкови ќе изгледаат речиси незабележително ако носите ташна чии рачки завршуваат под рацете (под пазувите). Држете се настрана од ташни со долги рачки до колковите или стомакот, затоа што тие го нагласуваат тоа што вие не го сакате кај себе.
Жени со голем граден кош
Жените со широки раменици и голем граден кош треба да избегнуваат ташни со мали рачки, бидејќи нивното носење го акцентира токму тој дел во кој се најшироки. Одберете ташни со долги рачки со кои ќе може да се одвлече вниманието од рамениците и градите, а ќе ја потенцира вашата облека. Ако пак целта ви е да ги нагласите вашите големи гради, тогаш ташна со мали рачки или без рачки е онаа која го прави тоа најдобро.
Жена со нагласени облини
Избегнувајте мали коктел ташни, бидејќи со нив ќе изгледате уште поголеми од тоа што сте. Ташна со нормална големина или од средна до голема димензија е тоа што ви треба за да ја задржите вашата пропорција со пропорцијата на ташната.Високи и слаби жени
На овие жени најдобро ќе им прилегаат мали коктел ташни и ташни со мали, незабележителни рачки. Големи

Пронајдете не на следниве мрежи: