Научниците тврдат: Црвеното месо и оралниот секс се опасни!

Кај еден од двајца луѓе се дијагностицирани со рак во одреден момент во животот, според најновите анализи.Институтот за истражување на ракот во државата Велика Британија наведе дека со новиот метод на проучување направени се нови проценки, според кои, наместо на еден од тројца, најмалку еден од двајца луѓе ќе ја добие оваа страшна болест.
Подолгиот животен век покажува дека повеќе луѓе ќе бидат засегнати. Се разбира, не постои сомнеж дека со подобрување на начинот на живот, вклучувајќи го губењето на вишокот тежина, како и престанување на пушењето, може да има големо влијание врз бројките.
Добрата вест е дека бројот на преживеаните од рак се зголемува. Овој скок во процентите се должи на пософистицираните и поточните методи за анализа на ризикот од рак.
Сепак, бројките кои покажуваат колку многу луѓе ќе се разболат од рак во живот, исто така, се зголемени.Речиси 54% од мажите и 48% од жените можат да се разболат од рак, покажуваат бројките од анализа.
Тумор на хранопроводникот
Колку помалку смртни случаи од срцеви болести и инфекции, толку е поголема веројатноста дека луѓето кои ќе живеат подолго имаат повеќе шанси за да се разболат од рак. Сепак, главниот истражувач, професорот Peter од универзитетот Queen Mary во Лондон, изјавил дека: “Постојат многу работи што можете да направите за да се спречите рак и се надевам дека за неколку години ќе биде сосема друга приказна.”

 

Тој наведува дека прејадување, потрошувачката на црвено месо и пушењето ги наведува како ризични фактори кои ги зголемуваат шансите за развој на рак. Бројот на случаи на рак на белите дробови се зголемува кај жените. Професор изјавил дека здравиот начин на живот може да го намали ризикот од 30-50%.
Сепак, рак на дојката и рак на простата остануваат најчестиот облик на рак кај жените и мажите.
Некои видови на рак се почести отколку во минатото, како што е тумор на хранопроводот предизвикан од киселината рефлукс при прејадувањето, се повеќе се гледа во клиниките.Рак на главата и вратот предизвикува хуманиот папилома вирус е се почест, и се смета дека виновник за ова е оралниот секс.
Д-р Harpal Kumar, главен и извршен директор на Институтот за истражување на ракот во Велика Британија, изјавил: “Дојдовме до она што може да се нарече важна пресвртница”.
“Ние треба да се планираме однапред, за да се обезбеди можноста на Националната здравствена служба (НХС) да се справи со болеста, и да се спречат идните кризи.”
За да се спречи зголемувањето на бројот на луѓето, заболени од рак. Потребна е акција на три фронта – подобра превенција и побрза дијагноза и подобар третман и нега на пациентите.Институтот за истражување на ракот во државата Велика Британија наведе дека со новиот метод на проучување направени се нови проценки, според кои, н

Пронајдете не на следниве мрежи: