Го паметиме по главните улоги во многуте акциони филмови, но тој умее да ја покаже и својата нежна страна, поготово неговото семејство е во прашање.Силвестер Сталоне (68) на Instagram објавил фотографија со својата ќерка Систин со која многу се гордее.
„Со мојата ќерка Систин која сака да стане сериозен модел. Верувам дека ќе успее во тоа“ – напишал Сталоне под фотографијата.
Поради јаката шминка и изразениот костим, Систин наликува на повозрасна девојка, но всушност таа има само 16 години. На почетокот на годината успеала да се најде и на страните на „Teen Vogue“ магазинот, за кој изјавила дека е спремна за медиумското внимание кое го привлекува како ќерка на Силвестер Сталоне. Сепак, додава дека нема да тргне по неговите стапки.
„Јас сум ужасна глумица! Не сакам да се гледам ниту пак да се слушам пред камерите, изгледам смешно“ – изјавила Систин.
Нејзината мајка Џенифер Флавин (46) исто така се занимавала со манекенство и многу и помогнала на Систин да се снајде во таа професија. Таа и Сталоне во брак се 18 години и имаат уште две ќерки, 18 годишната Софија и 12 годишната Скарлет.Силвестер Сталоне (68) на Instagram објавил фотографија со својата ќерка Систин со која многу се гордее.
Пронајдете не на следниве мрежи:



