Секогаш ставајте се себеси на прво место!

Ако вие не се ставите себеси на прво место, никој друг нема да го направи тоа за вас. Кога ќе решите дека ништо не е поважно од тоа да се сакате себеси, а тоа единствено го можете кога ќе се прифатите такви какви што сте, само тогаш конечно ќе се смеете повеќе, ќе си дадете шанса да уживате повеќе и конечно ќе сфатите што навистина вреди во животот.Поради овие работи треба да се ставате себеси на прво место:
Работата може да чекаКога сте постојано зафатени и не си давате време да здивнете ни 5 минути, вашите тело и мозок се заморуваат многу повеќе отколку кога свежи ги извршувате работните обврски. Со други зборови, и вие и вашата работа патите и ги трпите последиците на вашето неумеење да одвоите време за себе. Факт е дека кога сте добро одморени, не само што ќе бидете позитивни и креативни, туку и ќе бидете способни многу побрзо и поефикасно да ги завршите вашите работни задачи. Ценете ги вашето време и здравје, ставете ги телефонот и компјутерот на страна и добро одморете се.
Стресот ви влијае врз здравјетоРаботејќи напорно и прекувремено, потоа завршувајќи ги сите оние работи кои не можат да чекаат и поминувајќи го по кафулиња она малку слободно време кое ви останува не е добро за вас. За да бидете здрави на вашето тело му се потребни одмор, нега и здрава исхрана, а најмноогу мир и што поретки стресни ситуации. Не си го одземајте тоа свесно.
Вашата врска ќе биде подобраКога сте вие задоволни со себе, тоа задоволство зрачи насекаде. Вашиот партнер го чувствува тоа бидејќи кога вие се чувствувате убаво, тогаш сте позитивни и насмеани и сѐ си е некако на свое место. Тоа се одразува само позитивно на врската, а ќе се случи кога ќе си бидете самите себе приоритет. 
Ќе им ги скратите грижите на вашите блискиЗаморот и недоволната грижа за себе ви се одразуваат на секоја црта на вашето лице и во секое движење кое го правите. А кога луѓето кои ви мислат само најдобро ве гледаат такви, тогаш не постои збор на светот кој ќе ги смири и расположи. Но, кога за промена ќе бидете свежи и одморени, а со тоа и среќни, тогаш вашите блиски нема да се секираат толку за вас.Поради овие работи треба да се ставате себеси на прво место:
Работата може да чекаКога сте постојано зафатени и не с

Пронајдете не на следниве мрежи: