Ако досега сте го користеле само како зачин, од денес може да го употребите и како шминка. Дознајте како:Замена за руменилоИзмешајте цимет, морско оревче, пченкарен скроб, какао во прав и ќе добиете природно руменило.
Долготрајна боја за косаДоколку редовно ја бојадисувате косата со црвена боја, циметот ќе ви помогне бојата да трае подолго и да има поинтензивна црвена нијанса. Доволно е после бојадисувањето да ставите лажичка цимет во регенераторот и да ја измиете со него, претходно оставајќи ја да отстои 8 часа.
Лабело за усниИзмешајте лажичка цимет со жешко кокосово масло и смесата оставете да се замрзне. Ќе добиете лабело за усни од цимет кое ќе ја штити устата од напукување.
Маска за лице против митесериИзмешајте 3 лажички мед со една лажичка цимет и нанесете ја маската на лицето, а потоа исплакнете. После десет минути, митесерите и црвенилото значително ќе се смират.
Замена за мастикаИмате лош здив? Наместо мастика започнете да јадете половина лажичка цимет која ќе го освежи вашиот здив веднаш.
Пилинг за кожаИзмешајте морска сол, бадемово масло, маслиново масло, мед и цимет, ќе добиете пилинг за кожа кој ќе ги отстрани мртвите клетки од нејзината површина.Замена за руменилоИзмешајте цимет, морско оревче, пченкарен скроб, какао во прав и ќе добиете природно руменило.



