Повеќе од илјада луѓе ќе излезат на улиците во Мелбурн за да протестираат против насилството на улиците низ Австралија, а поводот е поради убиството на српската тинејџерка Маша Вукотич (17). На протестите ќе присуствуваат и Наташа, мајката на убиената девојка.„Се чувствувам лошо, не можам да го замислам животот без неа. Но ќе соберам сили и ќе одам на протестот. Сакам да марширам за сите, за мојата Маша“ изјавила нејзината мајка.
Големиот протест на кој ќе се оддаде почит на Маша, закажан е за 15 јуни. Планирано е маршот да чекори 18 километри, и да заврши пред судот во 10 наутро, кога веќе ќе биде започнато судењето на Шон Пирс, убиецот на Маша.
Маша Вукотич убиена е на 17 март во источниот дел на Мелбурн, Донкастер, во паркот кој бил оддалечен само 5 минути од нејзиниот дом.
Девојката во моментот на нападот џогирала и носела слушалки, па поради тоа не го слушнала убиецот кој ја нападнал одпозади.
Сведокот кој случајно поминувал, слушнал врисоци, и кога сватил што се случува веднаш повикнал полиција. Во истиот момент кога брзата помош пристигнала на лице место, девојката сеуште била жива, но набрзо, после губењето на голема количина крв, починала.
За кратко време, полицијата го уапсила Шон Пирс, кој го признал убиството.
Инспекторите во полицијата изјавиле дека убиецот им е познат од порано и дека има криминално досие. Пирс имал 22 кривични пријави, меѓу кои се и пријавување на сексуален напад на мајка на две деца, напад на девојче од 13 години и силување на 21 годишна девојка. Признал уште неколку кривични дела, но никогаш не бил осуден.
Полицијата соопштила дека ќе продолжи со истрагата, за да дознае дали нападот на Маша бил планиран или по случаен избор.
„Напаѓал девојки претходно, Дали оваа жртва ја одбрал или ја нападнал случајно, сеуште не знаеме“ изјавил потпаролот на мелбурнската полиција.
Нејзините другарки кои сеуште не можат да се помират со фактот дека нивната другарка повеќе ја нема, кажуваат дека Марси, кои таа ја нарекувале, е една од најпрекрасните личности кои секој би посакал да ја има во својот живот. Била духовита, паметна, полна со живот и пред сè, вистински другар.
Имала големи амбиции за својот живот, говорела три странски јазици и имала голема желба еден ден да стане адвокат.
Телевизиските камери го снимиле и нејзиното момче Тим Дрејпер, кој сеуште не можел да поверува дека неговата девојка повеќе ја нема.
„Секогаш ќе бидам со тебе, го знаеш тоа. Те сакам мила моја и секогаш ќе се сеќавам на тебе. Во моето срце засекогаш ќе имаш посебно место. Почивај во мир љубави. Те сакам“ – гласела пораката што Tим ја оставил.„Се чувствувам лошо, не можам да го замислам животот без неа. Но ќе соберам сили и ќе одам на протестот. Сакам да марширам за сите, за мојата
Пронајдете не на следниве мрежи:



