Му оставиле на келнерот напојница од 100 долари и покрај лошата услуга- еве зошто!

Прво го чекале келнерот 20 минути, аперативот 40 минути и повеќе од еден час на предјадењето… Сепак овој брачен пар на келнерот му оставил напојница од 100 долари.По лошата услуга во ресторан повеќето луѓе си одат лошо расположени и без да остават напојница. Но, еден американски пар го направил спротивното. И покрај тоа што биле лошо услужени, на келнерот му оставиле напојница од 100 долари.
Мекензи и Стивен Шултс го опишале на фејсбук своето искуство од ресторан во кој отишле да ја прослават 6- годишнината од бракот. Прво чекале келнер цели 20 минути, аперитивот го чекале 40 минути, а предјадењето повеќе од еден час.
„Луѓето околу нас го исмеваа ресторанот и лошата услуга“, напишала Мекензи.

Но со оглед на тоа дека таа и сопругот порано биле келнери, се сожалиле над келнерот кој буквално летал по ресторанот како луд за да ги помине сите 12 маси. Мекензи сфатила дека тука не се работи за лоша услуга на келнерот, туку за недостаток на работна сила поради што веројатно работникот ќе остане без напојница, која во Америка го чини поголемиот дел од приходот на луѓето кои се занимаваат со таква работа.
„Додека седев таму и гледав како трча и на сите им се извинува за чекањето, му реков на Стивен дека некогаш и ние бевме такви. Тоа воопшто не ми недостасува и никогаш не ја сакав таа работа. Го работев тоа поради напојниците“, напишала Мекензи и додала дека сопругот се согласил со нејзе дека би било добро чувството да му ја разубават вечерта на тој келнер. Сопружниците заминале од ресторанот пред келнерот да ја види напојницата од 100 долари, а на Фејсбук оставиле порака до останатите.
„Го пишувам ова како пријателски потсетник да размислите за целата ситуација пред да судите. И секогаш, секогаш потсетете се од каде доаѓате“, напишала Мекензи Шултс на Фејсбук чиј пост им се допаднал на милион луѓе.По лошата услуга во ресторан повеќето луѓе си одат лошо расположени и без да остават напојница. Но, еден американски пар го направил спротивното. И

Пронајдете не на следниве мрежи: