Овој чистач на организмот ќе ви ја врати силата и енергијта!

Бактериите во телото се кријат во области каде што се најконцентрирани тешките метали, како што се жива, алуминиум и олово. Тешки метали како олово, жива и алуминиум со текот на времето се акумулираат во телото и затоа често се чувствувате уморно, рамнодушно, и нерасположено. Дознајте како да ги отстраните отровите од телото и да го си ги вратите силата и енергијата.
 Секој од нас би сакал секое утро да се буди полн со енергија, да има добра концентрација во текот на денот, да биде добро расположен, денот да го помине со насмевка на лицето, без главоболки, болки и без успореност.Дали знаете дека за овие проблеми во повеќето случаи се обвинуваат тешките метали кои се акумулираат во вашето тело. За здравјето, за подобар и поудобен живот, ние треба редовно да го чистиме телото од метали. И каде подобро да се најдат “чистачи” на организмот ако не во природата?
Најефикасен „чистач“ на телото од метали, е коријандерот. Најзаслужен за да дознаеме за благотворните дејства на ова растение е лекарот Jošiaki Omura. Тој во една прилика третирал, голем број на пациенти кои страдаат од трахома (инфекции на очите), предизвикано од бактерија, Chlamydia trachomatis. Тој открил дека оваа како и другите бактерии се кријат во делови од телото каде има повисока концентрација на тешки метали, бактериите ги користат тешките метали, за да се заштитат од лековите, кои се препорачуваат со стандардна терапија.

Omura открил дека лисјата на коријандерот го забрзуваат исфрлањето на живата, оловото и алуминиумот од телото. Пациентите го консумирале во вид на супа, кога коријандерот е во комбинација со природни анти-вирусни и анти-бактериски состојки и омега 3 масни киселини со негово редовно консумирање, инфекцијата може да се победи. 
За чистење на телото со соодветна исхрана и рецепти за детоксикација на телото, треба да користите коријандер две или три недели интензивно. Додадете свеж коријандер во салата, или пак помешајте го со неколку лажици коријандер песто со тестенини, намачкајте на тост лебче или пак јадате го во комбинација со риба.
Со овој рецепт, вие не само што ќе го ослободите телото од отровните метали, туку и ќе го задоволите сетилото за вкус.

За песто сос ви е потребно:
4 чешниња лук,
1/3 чаша бразилски ореви (богати со селен)
1/3 чаша семки од сончоглед (цистеин)
1/3 чаша семки од тиква (цинк, магнезиум)
2 чаша свежи листови коријандер (витамин А),
2/3 чаша масло од ленено семе 
4 лажици свеж сок од лимон (витамин Ц)
2 лажички прашок одцрвени алги (Palmaria palmata) и сол.
Маслиновото масло и коријандерот се мешаат во блендер додека коријандерот не се распадне. Додадете ги другите состојки и се измешајте ги добро сите (ако е потребно, додадете малку вода) додека смесата не стане хомогена. Оваа мешавина може да се замрзне, јадете по две лажици дневно, најмалку две недели. И наскоро ќе можете да ги почувствувате бенефициите од коријандерот, вашето тело ќе биде ослободено од тешките метали, ќе ви се врати енергијата и силата. Тешки метали како олово, жива и алуминиум со текот на времето се акумулираат во телото и затоа често се чувствувате уморно, рамнодушно, и нер

Пронајдете не на следниве мрежи: