По цел ден внесувала афродизијак. Еве што се случило…

Корин Милер одлучила да направи еден експеримент. По цел ден јадела храна полна со афродизијак. Еве кои се нејзините впечатоци.
 „Секогаш сум била љубопитна околу афродизијаците, односно околу храната која го поткрева либидото. Се што дознав за нив, звучеше фантастично.
 Но додека јадев сирови остриги, чоколадо и пиев шампањско, не приметив никаква разлика. Но, никогаш не ги конзумирав сите заедно.
 Одлучив да направам експеримент: Јадев само афродизијак преку цел ден за да видам што ќе се случи. Се консултирав со клиничкиот сексолог Кет ван Кирк, автор на The Married Sec Solution, за да ме упати во исхраната. Секако, сакав да видам како афродизијакот функционира“ – изјавува Корин.
 „Конзумирањето на афродизијак може да доведе до зголемување на крвта во гениталиите и на тој начин телото ги опушта биохемикалиите кои му помагаат на телото да се чувствува опуштено. Можат да ја зголемат вашата желба за секс, енергијата, телесната температура и срцевиот ритам, и секако, вас да ве направат повеќе расположена“ – изјавува Кет вон Кирк.
 Еве што јадела:

ДОРУЧЕК

Банани со мед и кафе.
 Зошто?
Бананите се богати со витаминот B и калиумот, кои се важни за произведувањето на хормони кои влијаат на сексуалната желба. Но зошто кафе? Истражувањето покажало дека кај женските кучиња се појавила желба за парење.
 УЖИНА

Рака семки од тиква и пола авокадо.
Семките од тиква се богати со магнезиум, можат да го смалат нивото на аксиозност и да го зголемат производството на сексуалните хормони. Авокадото содржи високо ниво на витамин E која ја зголемува енергијата.
 РУЧЕК

Сирови остриги и шампањско
Остригите се богати со цинк, кои би требало да ја зголемат желбата за секс. Содржат амино киселини кои се причина за производство на сексуалните хормони, како што кажуваат студиите на Американските хемиски здруженија.
 Шампањското го пиев бидејќи е пијалак за преку ден! Но и поради тоа што придонесува до опуштање и подобро расположение.
 УЖИНА

Колачи со цимет и топла чоколада
Зошто? Циметот ја зголемува телесната температура и како што се верува, ја зголемува желбата за сексот. Чоколадата го стимулира ослободувањето на допаминот, хормон кој влијае на сексуалната желба.
 ВЕЧЕРА

Остриги и лубеница
 Истражувачите на универзитетот „А&M“ во Тексас, докажале дека лубеницата има исти ефект на крвните садови како и вијаграта.
 „Мојот сопруг Крис ми се придружи за време на ручекот и остатокот од денот го поминавме заедно. Вечерта не се чувствував ништо поинаку од вообичаеното. Бев разочарана, но ме информираа дека на афродизијакот му треба време за да почне да делува, во зависност од метаболизмот.
Следниот ден осетив целата таа храна како ме „дрма“. Не полудував, но се чувствував поинаку. Иако експериментот не ме направи сексуален манијак, беше многу интересен“ изјавува Корин.„Секогаш сум била љубопитна околу афродизијаците, односно околу храната која го поткрева либидото. Се што дознав за нив, звучеше фантастично.

Пронајдете не на следниве мрежи: