Летен тренд: Кармин за усни и лак во иста боја

 
Еден од најголемите трендови за ова лето се усни кои привлекуваат внимание во комбинација со ист лак за нокти. Преку ден носете лесна шминка, а навечер оставете впечаток користејќи ги овие совети.
 Усни
Добро хидрираните усни ќе направат карминот кој го нанесувате подобро време да остане непроменет. Доколку е потребно направете пилинг односно мешање на маслиново масло и шеќер, а потоа нанесете лабело за усни додека ја нанесувате останата шминка. Користете неутрално моливче за усни доколку сакате да ги зголемите усните и да спречите размачкување.
Пронајдете ја вистинската нијанса:
Блед тен: Црвената со сина основа или розовата со нијанса на праска го неутрализираат вцрвенувањето на кожата кое се јавува кај овие лица.
Нормален тен: Сите нијанси го нагласуваат топлиот тен, освен оние со сина основа кои можат да направат да изгледате бледо.
Темен тен: Магентата или малку повиолетовата боја со силно нагласена црвена нијанса најдобро прилегаат на овој тен.

Нокти
Со живописните портокалови, корални или розови нокти со сигурност ќе оставите впечаток. Погрижете се маникирот да остане недопрен подолго време. За да не го оштетите бргу почнете со чисти и суви нокти. Следно обликувајте ги ноктите. На крај измијте ги рацете и поминете го секој нокт со памукче со ацетон. Нанесете го лакот внимателно, оставете го да се исуши.
Усни
Добро хидрираните усни ќе направат карминот кој го нанесувате подобро време да остане непроменет. Доколку е потребно

Пронајдете не на следниве мрежи: