Директорката, која своите ученици секогаш ги учела да бидат грижливи и несебични, открила дека одлично си ја завршила работата кога се нашла во многу тешка ситуација.Матурантите од средното училиште Бетлехем, Њу Хемпшир, се откажале од екскурзијата со цел собраните пари да ѝ ги предадат на директорката на која неодамна ѝ бил дијагностициран редок и многу агресивен облик на рак.
Тие неделава требале да тргнат на пат кон популарното одморалиште „Рајдин хај ранч“, во сојузната држава Њујорк. Меѓутоа, веста за болеста на директорката Кортни Вашоу до толку ги погодила, што тие одржале вонреден состанок на кој едногласно изгласале дека ќе останат дома за да ѝ донираат осум илјади долари.
„Таа жена толку многу ни понуди, што одлучивме барем на овој начин да ѝ возвратиме“, изјавил претседателот на одделението Кристофер Сиорис, на чии зборови се надоврзал неговиот соученик Ијан Бејкер:
„Станува збор за грижлива личност која секогаш нѐ учеше да бидеме несебични“.
Директорката на училиштето почнала да плаче кога дознала за несебичниот чин на учениците.
Матурантите од средното училиште Бетлехем, Њу Хемпшир, се откажале од екскурзијата со цел собраните пари да ѝ ги предадат на директорката на која н



