Fallan Kurek (21) била совршено здрава девојка и работела како асистент во школо за деца со проблеми во развојот.По препорака од доктор, земала контрацепциски таблети Rigevidon за подобро да го регулира менструалниот циклус.
Таблетите ги земала 25 дена, а потоа се онесвестила во својата куќа. Кога докторите од брзата помош стигнале на лице место, Fallan повраќала, а само неколку минути покасно престанала да дише и потполно помодрела.
Била одведена во болница каде починала само три дена покасно. Причина за нејзината смрт е била пулмонарни емболизам односно згрутчување на крвта.
Според мислењето на докторите, таблетите за контрацепција влијаеле за нејзината смрт.
„Кога првиот пат дознавме за причината за нејзината смрт бевме ужасно лути. Таа ги земаше за подобро да го регулира својот циклус. Не можам да верувам дека ниту еден доктор не ја предупредил на ова несакано дејство“ – кажува мајката на Fallan, која освен Fallan има уште три деца.
После три недели Fallan почнала да се жали на вртоглавици и болки во пределот на екстремитетите и ребрата, што всушност се типични симптоми на пулмонарниот емболизам. Кога во една прилика нејзините родители излегле, Fallan добила напад на паника, а нејзиниот татко подоцна ја одвел во болница каде и е направен ЕКГ.
„Тогаш докторите кажаа дека се е во најдобар ред и дека нема никакви сериозни проблеми за кои би требало да се грижиме. И препишаа парацетамол и ибупрофен и кажаа да го посети својот доктор доколку симптомите се вратат“ – кажува нејзината мајка.
Неколку дена покасно Fallan се разбудила и повторно почувствувала вртоглавица, ја земала таблетата и симнувајќи се по скалите, паднала.
Кога докторите пристигнале Fallan сеуште била свесна, но само неколку минути подоцна престанала да диши.
„Докторите не прашуваа дали некој во нашата фамилија има болен од срце и дали Fallan користела дроги. Секако, одговорив негативно. Кога ме прашаа дали користела таблети за контрацепција изненадено ги замолив да ми објаснат. Кажаа дека знаат во што е проблемот“ – кажува мајката на починатата Fallan.
Fallan имала голем тромб во белите дробови од кој десната страна на срцето многу се воспалила. После три дена крвниот притисок нагло се зголемил, а неколку часа подоцна била прогласена клиничка смрт. Умрела на 14 мај 2015 година.
Fallan била радосна млада девојка која имала големи планови за својот живот. Била одлична студентка и имала доста пријатели. Нејзините родители одлучиле оваа приказна да ја поделат со јавноста за да ги предупредат другите девојки на овој фатален исход.
ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД ПРЕД КОРИСТЕЊЕ НА ТАБЛЕТИ
Докторите нагласуваат дека секој лек има одредена контраиндикација и познато е дека контрацепциските таблети со себе носат одреден ризик од тромбоза и емболија.
„Стотина милиони девојки го користат овој вид контрацепција, а последната така наречена четврта генерација таблети, има видно намаление на несаканите дејства. Сепак пред употреба треба да се добро да се прочита упатството и да се направат одредени анализи. Сепак, мислам дека е поголема опасност од киретажата која се прави во поголем број. Многу девојки не водат сметка за контрацепцијата и мислам дека тоа е проблем за кој би требало да се посвети поголемо внимание“ – изјавува доктор специјалист на гинекологија и акушерство.По препорака од доктор, земала контрацепциски таблети Rigevidon за подобро да го регулира менструалниот циклус.
Таблетите ги земала 25 дена



