Вештачките трепки, ако се правилно ставени, го нагласуваат окото дури и без сенка. Доколку сакате на научите како најлесно, најприродно и најбрзо да ги ставите вештачките трепки, држете се до нашите совети.Како најлесно да ги ставите вештачките трепки:
1. Нанесете маскара на вообичаениот начин. За појак ефект пред маскарата, подигнете ги трепките со виткач за трепки.
2. Вештачките трепки земете ги така што ќе ги фатите од двете страни и ке ги превиткате на пола. На тој начин полесно ќе ги ставите и ќе изгледаат како поприродни и подобро ќе се залепат во капакот.
3. Лепилото нанесете го на вештачките трепки и залепете на окото, така што ќе почнете да лепите од крајот и полека ќе навлегувате кон внатрешноста.
4. Трепките стиснете ги нежно и држете со прстите (не со пинцета), подржете ги неколку секунди а потоа пуштете.
СОВЕТ:
– Ако сакате што подобар и поприроден изглед, внимавајте дел од внатрешните трепки да не се спушти предлабоко спрема внатрешниот завршеток на окото (каде што се лачат солзите).
-Ако подолго време ги носите вашите вештачки трепки, од почетокот на трепките потскратете малку од нив за да бидат поуредни.
– Кога трепките ќе се исушат, по желба можете да нанесете туш за очи и маскара.Како најлесно да ги ставите вештачките трепки:
1. Нанесете маскара на вообичаениот начин. За појак
_original.jpg)


