Го сонувам чудовиштето како не убива повторно: Исповед на еден човек кој во 2002 година преживеа напад на масовен убиец!

“Не можам да ја напуштам куќата, го сонувам, се плашам дека тој ќе се појави од мракот, вооружен до заби”, вели Ѓорѓе Ристиќ, сведок на масакрот што се случи пред 13 години во Лесковац.Ѓорѓе Ристиќ, кој пред 13 години бил застрелан и речиси загинал во Лесковац, но масакрот што неодамна се случи во Мартонош, ги потикнал сеќавањата и траумата што го прогонува од тогашниот крвав масакар на Драган Чедиќ.
– Во моментот кога слушнав за веста за несреќата во Мартонош пред моите очи се појави Драган Чедиќ и сликата како мојата покојна мајка Бисерка со телото ме штити пред убиецот кој стрелаше во мене. Додека монструмот е одамна мртов, јас и ден денес се плашам дека ќе го видам повторно – вели Ристиќ.
Чедиќ во јули 2002 година со истрели од автоматска пушка, на три различни места во Лесковац, ја убил својата поранешна сопруга Билјана (28) и шест членови на нејзиното семејство, додека пак четири лица се повредени, а потоа се самоубил. 

 

– Она што го направи неодамна Раде Шефер на неговото семејство во Мартонош , е токму истото она на кое јас присуствував тој ден во 2002. година. Тогаш од страна на Чедиќ загинаа мајка ми, мојата братучетка, и сериозно беше ранет татко ми, исто така тој ме рани мене и неколку пријатели – вели Ристиќ кој од здобиените повреди едвај преживеал.Тој еден рафал упатен кон него го погодил во 'рбетот, по што тој падна во несвест.
– Не можам да ја напуштам куќата, го сонувам, се плашам дека тоа ќе се појави од мракот, вооружен до заби – стравува Ристиќ.
Кобниот ден, Драган Чедиќ упаднал во домот на семејството Ристиќ, но никој не го слушаал. Тие го забележале дури откако се слушнале истрели од огнено оружје. Кога го видел тоа, Ристиќ успеал само да го изговори името на монструмот, пред да падне во локва од сопствената крв како покосен.
Неговиот татко Благоје истакнува дека трагедијата не би се случила доколку полицијата реагирала на време.
– Билјана го пријавуваше во полиција, но ништо не беше превземено. Бев близок со него и го однесов на лекар во Белград, но тоа, беше неуспешно – објаснува Благоје Ристиќ.Ѓорѓе Ристиќ, кој пред 13 години бил застрелан и речиси загинал во Лесковац, но масакрот што неодамна се случи во Мартонош, ги потикнал сеќавањата

Пронајдете не на следниве мрежи: