Елитната проституција бил нивниот избор: Ја сакаме својата работа, но сакаме и семејство еден ден

Кога се говори за проституција, прва асоцијација за многумина  се девојки кои присилно  се приморани да се занимаваат со најсатриот занает или на девојки кои немаштијата ги натерала на тоа. Но има и такви кои се одлучиле да се занимаваат со оваа работа кои ниту морале ниту пак некој ги присилил на било кој начин. Тие едноставно сакаат да се занимаваат со проституција.Куки Џејн (24) и Емили Б. (28) се образувале на скапи приватни училишта. Својот удобен живот како припаднички на повисока класа одлучиле да го напуштат за да се занимаваат со проституција. Овие девојки одлучиле да бидат „high- class“ ескорт дами и отворено зборуваат за својот живтен избор.
Емили многу се променила од школските денови. Првенствено благодарение на естетските корекции кои ги направила на лицето. Нејзиното семејство тешко се носи со изборот кој го направила, посебно нејзиниот татко.
„Татко ми и јас не зборуваме за тоа. Веројатно јас сум најлошата ќерка која можете да ја замислите, а тој е прекрасен човек. Кога сум дома, јас сум само негова ќерка, а кога сум на улица јас сум Емили Б., вели оваа девојка.
Емили се образувала во скапо приватно училиште, но од 17 години па до 25, имала проблем со наркотици. Ќерката на двајца сметководители некогаш сакала да биде дизајнер на ентериер, но нејзината кариера тргнала во погрешен правец кога одлучила да се занимава со манекенство. Пред да започне да се занимава со проституција, позирала за Плејбој и снимила порно филмови. Иако е стереотипот  дека проститутките „стојат зад аголот, навлечени на крек и имаат макро“  ја зсмејува, сепак Емили вели дека  е тешко да се направи разлика помеѓу ескорт дама и проститутка.
„Mожете да го наречете тоа како сакате, проституција или ескорт, но на крајот од денот сите го правиме истото“, вели Емили.
Додава и дека нејзините клиенти не бараат секогаш секс, како и  дека никогаш не користела услуги на макро бидејќи како што вели „не ги дава никому своите пари“. Наместо тоа, таа преку интернет комуницира со други девојки кои имале контакт со клиентот кој се обидува да ја изнајми, па дури тогаш одлучува дали да се согласи на состанок.
Куки, како и Емили, се образувала во приватно училиште. Во светот на проституцијата влегла на 18 години, прво како стриптизерка. Една ноќ, после настапот, заминала со клиент. Куки не очекувала да биде платена, но наутро, кога се разбудила, добила коверт од 10.000 фунти.

 
„Наплаќам најмалку 500 фунти за еден час. Цела ноќ чини од 5.000 и 10.000 фунти, зависи дали клиентите сакаат целосно уживање. Имам убава база на клиенти. Моите најдобри клиенти ме водат на вечери, коктели и во кино. Понекогаш одиме заедно во шопинг, а потоа во некој убав хотел или кај мене“, објаснува Куки.
Таа има човек кој  ја издржува, ги плаќа сите нејзини сметки, трошоци и шопинг, така што главно парите кои ќе ги заработи може да ги заштеди.

Иако годишно заработуваат околу 200.000 фунти забавувајќи богати биснисмени, Емили и Куки сепак признаваат дека најмногу  сакаат да живеат традиционален живот. Куки најмногу би сакала да живе во близина на својата мајка и старата куќа  да ја претвори во убав дом. Исто така, би сакала еден ден да има и свое семејство. Сепак, кога размислуваат за деца, неизбежно е да се постави прашањето како еден ден ќе им објаснат на децата дека се занимавале со проституција. И двете  велат дека не би сакале нивните деца да се занимаваат со таа работа.
Емили, која најмногу се занимава со порнографија вели дека замислувала дека доколку би имала син, тој еден ден би можел да се врати дома во солзи затоа што видел нешто.
„На почетокот на својата кариераимав сериозен проблем со наркотиците, мпа не размислував многу за иднината. Но, сепак денес не жалам, затоа што благодарение на својата работа доживеав некои феноменалниискуства“, вели Емили.
Сепак, Емили вели дека „ја сака својата работа“, но нивните семејства и понатаму не го прифаќаат нивниот избор.Куки Џејн (24) и Емили Б. (28) се образувале на скапи приватни училишта. Својот удобен живот како припаднички на повисока класа одлучиле да го напу

Пронајдете не на следниве мрежи: