Дали верувате во сродни души?

Сродна душа ја нарекуваме личноста која не разбира во целост, ни ги чита мислите, не слуша што сакаме да кажеме без зборови, зборува со нас преку поглед и со таа сродна душа ние се чувствуваме комплетно. 
 
Тешко е да се поверува за оние кои се убедени токму во спротивното, но сродни души реално не постојат. 
Секако дека некој ќе се изјасни спротивно кажувајќи дека тој што ја сретнал, не знае за што станува збор, но што со оние кои ја сретнале и ја изгубиле? Зарем тие не заслужуваат друга сродна душа, односно човек кој ќе ги разбира и сака на нивни начин, со цело свое срце? Секако дека заслужуваат, а тоа ја разбива теоријата за сродни души, бидејќи некој може да ја изгуби сродната душа во сообраќајка, убиство… Но, тоа не значи дека после тоа треба самиот да се изгуби и да не се надева на нова љубов. Но, зарем секоја личност на светот не е наша потенцијална сродна душа доколку истата помине одреден период со нас, не запознае навистина и се отвориме кон неа, а и таа кон нас?
Затоа доколку и вие сте верувале во сродни души, но некоја личност ве убедила во спротивното откако ја изневерила вашата доверба и љубов и се покажала како лажна сродна душа, не верувајте во лаги повеќе и не разочарувајте се, бидејќи сродни души не постојат. Постојат само личности кои не разбираат и оние кои не сакаат да не разберат, но имаат способност да го направат тоа, вие само треба да пронајдете некој што ќе сака да ве разбере навистина и ќе ве сака какви што сте.
 
  
 
Тешко е да се поверува за оние кои се убедени токму во спротивното, но сродни души реално не постојат. 

Пронајдете не на следниве мрежи: