Бившиот војник е пронајден мртов само неколку недели откако му се родило неговото второ дете. David Glover (28) го пронашол пријател кој приметил крв на прозорите од неговото комбе, неколку часа откако на неговиот Facebook профил се појавила порака „Жал ми е“.David и неговата партнерка Lisa Marr штотуку добиле син кој го крстиле Max.
Полицијата мисли дека David извршил самоубиство и неговата смрт не ја третирале како сомнителна, ниту пак биле во потрага по осомничен.
Мајката на David, на интернет ги објаснила неговите маки и мрачни моменти. Тој се разделил со партнерката Kathryn Archbold, мајката на неговиот постар син Lewis, а бил и на суд бидејќи ја удрил по лицето.
„Моето дете, мојата љубов, мојата сродна душа. Толку многу те сакам. Се надевам дека твојата душа ќе најде мир. Нема повеќе болка“ – напишала Grace, мајката на David на нејзиниот facebook профил.
„Сакав да ти помогнам да ги пребродиш сите мрачни моменти. Те сакам премногу. Мое драго дете“…
David служел војска, а после војска работел како столар.
„Беше одличен дечко. Ѕвезда која пребрзо згасна“ – напишал Jamie Aitken, негов пријател од војска.
Цвеќиња и пораки биле оставени на местото на несреќата. Неговата сопруга била недостапна за изјава.David и неговата партнерка Lisa Marr штотуку добиле син кој го крстиле Max.
Полицијата мисли дека David извршил самоубиство и неговата смрт



