СМРТОНОСНА ТЕХНОЛОГИЈА: Доколку нередовно ја одржувате чистотата на клима уредот може да ви се случи ОВА!

Посебно внимателни треба да бидат оние со ослабен имунитет, хронично болните, пушачите и алкохоличарите.
Со зголемувањето на темпеартурите, и топлото време многумина ќе побараат спас во клима уредите, без кои би било неподносливо жешкото време.Сепак покрај разладувањето кое ни го пружаат клима уредите, многумина од нас не се свесни за опасноста која тие ја носат со честото и неправилно нивно користење. Нередовното одржување доведува до лош квалитет на воздухот, исто така и до непријатен мирис што е подно тло за многу бактерии и габи. Со нивното вдишување тие влегуваат во нашиот организам и можат да доведат до многу хронични болести.
Една од опасните бактерии е legionella која може да доведе до тешки воспаленија на белите дробови, кои можат да бидат дури и фатални. Инфекцијата се јавува ако бактериите во форма на ситни капки од клима уредот, ги вдишиме и тие ќе завршат во нашите бели дробови. Опасни по здравјето можат да бидат и другите уреди за разладување, но исто толку опасни можат да бидат и фонтаните, базените како и навлажнувачите за воздух кои се повеќе се застапени по кафулињата.

Болеста која ја предизвикува бактеријата legionella, се манифестира по два или пак десет дена од вдишувањето. Болеста започнува со главоболки, поспаност, омалаксаност, веднаш потоа телесната температура може да се качи дури и над 40степени, пропратено со сува кашлица и ужасна главоболка, а дури потоа доаѓа до воспаление на белите дробови. Инфекцијата може да се прошири низ целиот организам. 
Во најтешките случаи на болеста може да го оштети на централниот нервен систем, а доколку болеста не се лекува, смртноста кај заболените е присутна помеѓу 15 и 25 проценти.
Посебно внимателни треба да се сите оние со ослабен имунолошки систем, хронично болни, пушачите и алкохоличарите.Интересно е дека мажите се повеќе склони кон оваа болест.
Редовно чистење на филтерот или пак негова замена, може да спречи појава на вируси и бактерии, а со самото тоа и на болеста.
Наша препорака е барем еднаш годишно, обично пред сезоната на високи температури, да го сервисирате вашиот клима уред.
 Сепак покрај разладувањето кое ни го пружаат клима уреди

Пронајдете не на следниве мрежи: