МИСТЕРИЈА: Се шпекулира дека е отруена. Тинејџерка дневно конзумирала по 14 гуми за џвакање!

Саманта Џенкинс (19), ненадејно починала во 2011 година, а нивото на минерали нужни за живот, во нејзиниот организам биле до толку ниски, што лекарите мислеле дека е отруена.Патологот изјавил дека е можно таа да ги губела хранливите материи поради гумите за џвакање.
Саманта Џенкинс, 19-годишна девојка од Ланели во Јужен Велс, ненадејно починала во 2011 година, а нејзината мајка Марија Морган (45), верува дека таа се отрула од гуми за џвакање.
Отекувањето на мозокот предизвикано поради ниското ниво на минерали во организмот, можеби е предизвикано од вештачките засладувачи кои се наоѓале во омилените мастики на починатата. Девојката џвакала околу 14 мастики дневно, а починала откако извесен период се чувствувала лошо и имала главоболки.
Нејизната мајка во последниве четири години инсистирала на истрага, откако смртниот случај на нејзината ќерка бил карактеризиран како природна смрт.

„Тој ден се жалеше дека не се чувствува добро и ми рече дека има главоболка и дека чувствува трнци. Се качи на горниот кат и ми викна: `Дали е ова чувството на умирање? Се чувствувам парализирано`“, изјавила нејзината мајка на сослушувањето што се одржа во вторникот.
„Саманта подоцна почина во болница. Лекарите најпрво мислеа дека е отруена, бидејќи нивото на минерали во нејзиниот организам беше многу ниско“, рекла Морган.
Таа верува дека нејзината ќерка се отрула од аспартам и сорбитол, кои се едни од главните состојки во гумите за џвакање без шеќер.
„Ги прегледав нејзините ташни, фиоки и спалната соба. Пронајдов стотина обвивки од Тридент без шеќер. Барам одговори за да може моето семејство да продолжи понатаму. Можеби и ќе постигнеме на обвивките од мастиките да се напишат предупредувања за опасноста на овие адитиви“, рекла мајката.
При обдукцијата било откриено дека желудникот на Саманта бил преполн со мастики за џвакање. Патологот, д-р Пол Грифитс, изјавил дека е можно тие да го отежнувале апсорбирањето на хранливите материи и минерали во организмот на девојката, а губењето на истите би можело да допринесе и за лаксативен ефект гумите за џвакање.
Тој додал дека можно дека девојката ги губела потребните минерали за живот поради гумите за џвакање, но смета дека е мала веројатноста тие да бидат причина за нејзината смрт.Патологот изјавил дека е можно таа да ги губела хранливите материи поради гумите за џвакање.
Саманта Џенкинс, 19-годишна девојка од Ланели

Пронајдете не на следниве мрежи: