Ако го прифатат предизвикот од социјалните мрежи, тинејџерите исчезнуваат на 72 часа, односно не ги известуваат родителите каде одат.Токму тој предизвик би можел да стои зад исчезнувањето на две британски тинејџерки, Сајобан Кларк (15) и Семи Кларк (14) од Есекс, шпекулираат тамошните медиуми.
Иако девојчињата имаат исти презимиња, тие не се во роднинска врска, пренесе „Мирор“.
Откако излегле од училиште во петокот поладне, ним им се изгубила секоја трага сѐ до понеделникот наутро. Тие биле пронајдени 30 километри од своите домови.
Бил исчезнат и нивниот 22-годишен пријател Киран Хартли-Андерсон, кој по пронаоѓањето бил уапсен и се терети дека е виновен за исчезнувањето на девојчињата.
Тројцата биле пронајдени во Вестклиф, откако полицијата добила дојава од лице кое ги препознало од потерницата.
Јавноста го поврза целиот случај со најновиот предизвик на Фејсбук, познат како „Игра на 72“, во која тинејџерите меѓусебно се предизвикуваат да исчезнат на 72 часа за да бидат прогласени за исчезнати лица.
Оваа потенцијално опасна игра која се шири по социјалните мрежи, станува сѐ почеста во Европа. Во оваа бизарна игра постојат две правила: тинејџерите да исчезнат на 72 часа и никого да не го известат за своите планови.
Меѓу исчезнатите на 72 часа била и 13-годишно девојче од Франција. Девојчето, која тамошните медиуми ја нарекле Ема, не сакала на родителите и полицајците да им каже каде била за време на тие 72 часа.Токму тој предизвик би можел да стои зад исчезнувањето на две британски тинејџерки, Сајобан Кларк (15) и Семи Кларк (14) од Есекс, шпекулираат тамо



