„Да можам да го сторам тоа наместо тебе, би го сторил“. Повеќето трудници ја слушнале оваа реченица од својот сопруг, а се однесува на носењето на бебето и самиот чин на породувањето. Сепак, Пен Холдернес одлучил навистина да го стори тоа и како подарок за Денот на мајките на својата сопруга и подарил- машко породување!Пен признава дека во последните неколку години не обрнувал големо внимание на Денот на мајките. Затоа ова година одлучил да подлегне на стимулирани породилни болки, за да ѝ покаже дека навистина го цени сето она низ што поминала таа.
Се било извршено во болница, каде експерти со помош на посебни апарати предизвикуваат болка со јачина на пордување, а тој го поднел тоа… Па и не баш машки.
За време на целиот процес на „породувањето“, поминал низ разни степени на болка, и сето време се однесувал токму како што се однесуваат жените на породилниот стол. Сопругата цело време стоела покрај него и го држела за рака, но не престанувајќи да се смее.
Кога поминал експериментот ѝ признал на сопругата дека сега ја разбира многу подобро.
„Некако цело време бев лут на тебе. А ти само си се обидувше да ме поддржиш, но не разбираш низ што поминав. Ете, знаеш ли сега како е да бидеш маж и жената да ти се дере цело време?“, прашал Пен на шала.
Погледнете и обидете се да не се смеете.
Пен признава дека во последните неколку години не обрнувал големо внимание на Денот на мајките. Затоа ова година одлучил да подлегне на