ЛУДАЧКА ХРАБРОСТ: Одлучил самиот да си го извади слепото црево!

За време на експедицијата на Антарктикот, рускиот хирург Леонид Рогозов сериозно се разболел. Му била неопходна операција, а бидејќи тој бил единствен доктор во тимот, решил сам да ја направи операцијата.Како што поларниот ветер дувал, 27-годишниот Рогозов започнал да чувствува сè поголем замор, слабост и мачнини. Потоа почувствувал и силна болка во долната десна страна на стомакот.
„Со оглед на фактот дека беше хирург, не му беше тешко да ја постави дијагнозата дека има воспаление на слепо црево. Тоа е нешто што тој како зафат го направи многупати и во цивилизираниот свет станува збор за рутинска операција. Но за жал, тој не се наоѓаше во цивилизиран свет, туку среде поларна недојдија“, вели неговиот син Владислав.
Рогозов бил дел од шестата советска арктичка експедиција, која броела тим од 12 луѓе испратени за да изградат база. До средината на месец февруари во 1961. година, проработела станицата Новолазаревскаја, а групата по завршената мисија беше подготвена тука да ги помине тешките зимски месеци. Но, до средината на април животот на Рогозов се најде во сериозна опасност, но тој немаше можност за никаква помош.
Патувањето од Русија до Антарктикот траело 36 дена, а следниот брод требало да пристигне за година дена. Летот со авион бил исто така невозможен, поради снегот и бурите.
Одлуката самиот да се оперира била многу тешка. Рогозов бил свесен дека цревото би можело да пукне и кога такво нешто би се случило, со сигурност би настапила смрт. Додека ги разгледувал другите опции, симптомите се влошувале од ден на ден.

ЛЕОНИД РОГОЗОВ – РУССКИЙ ЧЕЛОВЕК, СОВЕРШИВШИЙ НЕВЕРОЯТНОЕ! https://t.co/1SW3FlVwaW pic.twitter.com/SQEjy6UZVd
— ОLEG (@Omega777oleg) March 16, 2015

„Тој морал самиот себеси да си го отвори стомакот и да ги извади цревата. Не ни знаел дали е воопшто еден човек способен за да направи такво нешто“, објаснува Владислав за BBC.
Тој одредил двајца главни помошници и им ги поделил инструментите, ја наместил лампата и го држел огледалото, планирајќи во одразот да види што се случува. Немало шанси за да се употреби општа анестезија. Тој успеал самиот себеси да си стави локална анестезија, но кога почнало сечењето и отстранувањето на слепото црево, тоа морало да биде направено без анестезија, за тој да оперира со колку што е можно побистар ум.
„Тешко на моите помошници! До последен момент ги гледав. Стоеја исправени во бели хируршки костуми, но самите беа побели и од нив. И јас бев исплашен. Но, некако веднаш бев подготвен да ја направам операцијата и оттогаш повеќе не забележував ништо“, напишал Рогозов подоцна.
Кога дошол до финалниот и најтежок дел од операцијата, речиси ја изгубил свеста.
„Крварењето е обилно, но јас одам полека. Станувам сè послаб и послаб, ми се врти во главата. На секои четири-пет минути одморам по 20 до 25 секунди. Конечно, тука е проклетото слепо црево. Со ужас ја забележувам црната дамка на коренот. Тоа значи дека кога би прснало, за мене тој ден би бил токму оној судниот“, напишал храбриот хирург чија операција траела речиси два часа.
Рогозов успешно ја извршил операцијата. Но, пред да одлучи да одмори, тој им објаснил на своите асистенти како правилно да ги исчистат хируршките инструменти и дури кога собата останала уредна и чиста, тој зел апчиња за смирување и заспал.
По две недели му се вратил на нормалниот живот.Како што поларниот ветер дувал, 27-годишниот Рогозов започнал да чувствува сè поголем замор, слабост и мачнини. Потоа почувствувал и силна б

Пронајдете не на следниве мрежи: