Кутикулите се проблем којшто може да прерасне во сериозна инфекција доколку не се третира правилно. Мажите порано имале повеќе проблеми со кутикули отколку жените поради неудобните чевли, но денес жените се тие кои имаат сериозен проблем со ова поради високите потпетици и тесни чевли. Еве неколку совети коишто ќе ви помогнат да се изборите со кутикулите за да не ви создадат поголем проблем.Познато е дека ноктот расте побрзо отколку кожата околу прстот и поради тоа тој може да порасне во месото и да создаде болка, црвенило, отеченост и на крај да се формира гнојна или проѕирна течност, а некогаш и крв. Палецот на нозете е посебно осетлив бидејќи се иритира најчесто поради неудобните чевли, па поради тоа мора да му посветиме посебна нега и грижа.
Како да им помогнете на своите нокти да не ви растат во месото?
Првиот чекор е бирање на квалитетна облека, правилен број кошто вам ви одговара, и секако да не ви е тесна. Хигиената е исто така важна, па најдобро е секојдневно да ги ставате нозете во солена вода за да ги излечите евентуалните инфекции. Ноктите не треба да ги сечете во заоблена форма туку рамно, за да не ви се создава проблем со растење во месото.
Важен чекор во борбата против кутикулите е и хидратизацијата. Кремата и лосионот ќе ви помогнат ноктите и кожата да ви бидат нахранети и меки, па помала е веројатноста да се случи овој проблем. Одбирајте ги креимте коишто не се мрсни за преку ден, а за навечер се најдобри оние кои се богати со масти и кои на некој начин служат како ноќен третман за кожата.
Исто така важен чекор за спречување на кутикулите е носењето ракавици во текот на извршувањето на домашните обврски, поради лошите производи кои можат да ви ја влошат ситуацијата на рацете. Внимавајте да не го вадите лакот премногу често, бидејќи тој ја суши површината на ноктот, па ноктите ќе ви бидат меки и лесно кршливи.Познато е дека ноктот расте побрзо отколку кожата околу прстот и поради тоа тој може да порасне во месото и да создаде болка, црвенило, отеченост и



