„Луѓето во просек губат околу 45 грама кожа, а повеќето од тоа завршува токму на креветот кој е идеално место за паразити. Токму топлината на креветот во допир со нашето тело им овозможува удобен живот. Истражувањата покажале дека има повеќе од милион по креветот“, објаснува докторката Лиса Екерли, експерт за домашна хигиена.Според нејзините зборови, најмногу грешиме кога одиме од дома, а прозорците ги оставаме затворени. Така сета влага, паразити, габички и бактерии остануваат во просторот.„Доколку го местите креветот, секое утро пред да одите на работа- грешите. Кога ќе го прекриете се уште топлиот кревет, на паразитите им овозможувате незаборавна забава“, вели доктор Лиса.Според резултатите на експертите, дури 80 проценти од асматичарите својата болест можат да им ја препишат на паразитите.„Тие можат да предизвикаат алергиски ринитис, кашлање, предизвикуваат сувост на телото но и очите. Тие се една од главните причини за лошото спиење“.За да го избегнеме развојот на болестите, а да не купуваме нови душеци, перници и останато на секои две години, докторката препорачува редовно вшмукување.„Би било добро да немате тепих под креветот, бидејќи со тоа ја влошувате ситуацијата. Редовното проветрување на просторот исто така ќе помогне, така ќе влезе свеж воздух, а паразитите ќе одлетаат надвор.Постелнината треба да ја перете најмалку на 60 степени, некои детергенти содржат средства за дезинфекција, па затоа би било добро понекогаш да ја исперете постелнината со нив“, советува Екерли.„Луѓето во просек губат околу 45 грама кожа, а повеќето од тоа завршува токму на креветот кој е идеално место за паразити. Токму топлината на
Пронајдете не на следниве мрежи:



