Сакате да ги крцкате прстите? Можеби сте ПОЗДРАВИ отколку што мислевте!

Сигурно познавате или дури можеби сте и вие самите дел од луѓето кои сакаат да ги крцкаат прстите. Иако за крцкањето прсти постојат разни теории за тоа дали е корисно или не, последно истражување упатува на тоа дека крцкањето на зглобовите би можело да биде добро за здравјето.Научниците со децении се препираат околу тоа дали крцкањето на прстите е здраво или не, и дали може да предизвика проблеми – како што на пример е артритисот.
Новото истражување на Универзитетот Алберта, укажува на тоа дека со растегнувањето на зглобовите меѓу прстите се создава празнина која се пополнува со воздух. Кога се враќа зглобот на место, воздухот се истиснува од истата шуплина со што се создава препознатливиот звук.
Потребен е определен временски период воздухот сосема да се „растопи“ во зглобната течност, што е причината за тоа што зглобовите повторно да не бидат во состојба да се искрцкаат туку е потребно да се причека.
По бројните набљудувања на крцкањето на зглобовите под скенер, истражувачите откриле неочекувано бело ткиво, за кое сметаат дека е водата која се повлекува кон зглобот. Токму тоа би можело да има позитивен ефект.

Тие пресметале дека вкупната сила која е потребна да пукнат зглобовите е доволно силна да ги оштети тврдите површини на зглобовите. Но, најновото истражување сега покажува дека нема долгорочни последици.
„Можноста за крцкање на прстите би можела да биде поврзана со здравјето на зглобовите. Некои луѓе можат да го направат тоа, некои не. Тоа е како создавање на еден вид вакуум. Откако површините на зглобовите одеднаш ќе се раздвојат, потребно е поголемо количество на течност да го пополни празниот простор во шуплината“, објаснува Грег Ковчак, професор на Факултетот за рехабилитациска медицина.
Крцкањето на прстите било снимано со брзина од 310 милисекунди. Иако нема докази дека крцкањето предизвикува артритис, постојат бројни извештаи за оштетување на лигаментите и тетивите.
Останува да видиме дали некој ќе успее да разјасни на кои сѐ начини крцкањето на прстите допринесува за здравјето.
Погледнете го видеото:
Научниците со децении се препираат околу тоа дали крцкањето на прстите е здраво или не, и дали може да предизвика проблеми – како што на прим

Пронајдете не на следниве мрежи: