Мари Сурпренант уште како дете ја злоупотребувле нејзината мајка и нејзиното момче. Она што ова 8-годишно девојче го доживеало во најраното детство оставило последици за нејзе со кои ќе мора да се носи до крајот на животот. Мари е денес неподвижна, но таа е среќно дете, полно со благодарност.Иамала само 8 месеци кога го доживеала првиот пекол. Нејзината биолошка мајка и нејзиното момче толку тешко ја малтретирале што уште како бебе останала инвалид. Мари била доведена во болница во Аталанта со едвај 5 килограми, 14 скршени коски и модринки кои го прекривале цело тело.
Изгубила секакво чувство во нозете. Има тешка сколиза, шипки кои продираат во рбетот и поради таквата состојба мора на операција два пати годишно.
И покрај својата тешка ситуација, ова девојче денес е среќно и задоволно. Писмото кое го напишала до социјалните работници и полициските истражители кои се занимавале со нејзиниот случај го објавиле бројни медиуми. Никој не останал рамнодушен на искрените зборови на ова храбро девојче.
„Драги социјални работници и истражители, сакам да ви се заблагодарам за тоа што ме направивте среќно девојче, бидејќи ми овозможивте да добијам нов, топол дом. Сега можам да јадам три пати на ден. Јас сум Мари Роуз Сурпренант. Кога сум била бебе, сум била повредена и вие сте биле на мојот случај. Кога сум била мала толку ме повредиле што не сум можела да одам. Мојот рбет бил скршен, а докторите не можеле да го поправат.
Го прашале Е.Р како се случило тоа. Но, тој излажал. Рекол дека сум паднала од кревет. Тогаш сте дошле вие, и сте го решиле мојот случај. Не сте дозволиле тој човек или било кој друг да ме повреди повторно..
Да не сте ми помогнале, мојот живот се уште би бил ужасен. Затоа што не ме хранеле и ме тепале кога сум плачела. Но, сега сум многу подобро. Единствено ме излудува нашето куче, Џо.
Се надевам дека и понатаму ќе им помагате на децата. Ве сака Мари“, помеѓу останатото стои во писмото на девојчето кое ја трогна светската јавност.Иамала само 8 месеци кога го доживеала првиот пекол. Нејзината биолошка мајка и нејзиното момче толку тешко ја малтретирале што уште како бебе оста



