Жената која ослабнала 115 килограми за само 20 месеци кажува дека би дала се за да ги врати своите облини , бидејќи слабеењето го уништило нејзиниот живот.Амелија Џејн Хамс(20) ослабнала од 176 кг на 59 и така го постигнала своето тело од соништата. Но и покрај здравиот изглед Амелија ослабнала поради Кроновата болест што предизвикува секојдневно мачење со болните црева.
Таа сега има тело на манекенка а сонува за своите облини.
„Добивам многу комплименти за мојата нова фигура но јас имам страшни болки. Понекогаш ги чусвтвувам како грчеви но многу лошо се чувствувам кога тие стануваат посилни. Повеќе не уживам во храната бидејќи ми предизвикува болки.Ми се чини дека попусто ги прават здравите оброци бидејќи ги повраќам. Со силните таблети против болки малку е поподносливо но чувствувам дека тоа проклетство ќе морам да го трпам целиот мој живот“- кажува Амелија која била среќно и здраво дете а тежината почнала да и се зголемува во тинејџерските години иако не ја менувала исхраната.
„Јадев се што ми даваше мајка ми но тоа беше здрава храна бидејќи таа секогаш внимаваше на тежината. Кога мојој струк почна да се шири мојата самодоверба почна да се намалува. Тоа траеше, додека не го завршив училиштето полно со насилници кои постојано ме исмејуваа.
Тогаш престанав да се грижам за својата тежина. На факултет достигнав до 176 кг но и понатаму се трудев околку облеката, шминката, косата. Ако си дебел немора да значи дека треба да бидеш и грд.“
Сепак по 17 –от роденден таа сериозно се разболела.
„Почнав да повраќам по 10 пати дневно, едноставно ништо неможев да задржам во себе. За само 20 месеци ослабнав 115 кг бидејќи бев преплашена“.
Загрижена поради брзото слабеење Амелија се обратила на лекар. По неколку месеци и била дијагностицирана Кронова болест.Веднаш и бил препишан коктел од апчиња кој треба да го зема секој ден.
„Кога имам добар ден пијам до 70, а ако денот е лош пијан и до 100 таблети. Луѓето ми честитаат за моето слабеење но јас никогаш не сум се чувствувала полошо.“
Поради својата болест, не смее да јаде ништо масно, а брза храна не јадела веќе три години. На строга диета е постојано и може да јаде само зготвено месо и зеленчук.
„Знам дека звучи неверојатно, но се би дала да имам повторно 176 кг. Во ова време минатата година имав 4 работи а сега сум премногу болна за да работам. Да се биде девојка се подразбираат облини а јас сега изгледам како момче. Ноктите ми паднаа бидејќи не весувам доволно хранливи состојки, а исто така ми падна и косата па морав да носам перика. Дури ги изгубив и своите веѓи поради што изгледам како странец.
За жал, Амелија сеуште слабее а нејзините лекари незнаат точно да и кажат зошто.
„За некои имам тело од соништата но за мене тоа е ноќна мора“.Амелија Џејн Хамс(20) ослабнала од 176 кг на 59 и така го постигнала своето тело од соништата. Но и покрај здравиот изглед Амелија ослабнала поради



