Книгата на Ана Лук ја опишува јогурт диетата која стана вистинска интернет сензација поради едноставен начин на подготовка иако не е поткрепена со некои поголеми научни истражувања.Наводно делувањето на јогурт диетата се заснова на пробиотските своиства на јогуртот кои го поттикнуваат растот на здравата цревна флора, а која како последица има побрзо варење на храната, елиминација на токсините па така и за слабеењето.
Кога храната темелно ќе се свари, воедно се унапредва здравјето на цревата како и здравјето на организмот.
Со јогуртот може да се јаде свежо овошје, а треба да се избегнува зашеќерен јогурт.
Според верзијата на Ана Лук, не треба да се пие само јогурт туку и конзумација на храна од дозволената листа.
ПРВ ДЕН
Појадок:
Наутро изедете овошен или обичен јогурт со снегулки по свој избор.
Ручек:
На маслиново масло продинстајте зеленчук и на крај помешајте со ориз. Освен сол и бибер не додавајте друг зачин. За десерт земете овошен јогурт.
Вечера:
Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Исецкајте еден морков, јаболка и 50 гр шунка и сето тоа пропржете го на маслиново масло. Сето заедно помешајте го со немасен јогурт.
ВТОР ДЕН
Појадок:
За салата од краставици потребни ви се јогурт и краставица која ќе ја исецкате на коцки и на крај ќе помешате се заедно.
Ручек
Посолете и сварете малку мисиркино месо исецкано на коцки и испечете го на маслиново масло. Додадете исецкани шампињони и пиперка. Кога ќе омекне овошјето додадете јогурт.
Вечера:
Две чаши јогурт измешајте со малку мешано шумско овошје.
ТРЕТ ДЕН
Појадок:
Со јогурт помешајте сирење, исецкано јаболко, малку цимет и на крај малку посолете
Ручек
Испечете 150гр филети ослиќ, а како прилог направете салата од јогурт, сецкана краставица и малку сенф.
Вечера:
Сварете 100гр тестенина, додадете една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно измешајте со јогурт.
Влијание на здравјето:
Пробиотскиот јогурт е корисен за здравјето, но за сега не постојат цврсти научни докзи кои ја поврзуваат јогурт диетата со слабеењето ниту со претходно изнесените теории за Јогурт диетата. Краткотрајната примена на оваа диета (еден до два дена) секако нема да им наштети на здравите луѓе, но не се препорачува долготрајно практикување. Слабеењето најверојатно се постигнува со рестрикција на калориите.Наводно делувањето на јогурт диетата се заснова на пробиотските своиства на јогуртот кои го поттикнуваат растот на здравата цревна флора, а к



