Се венчале пред 73 години. Ги раздвоила болест, но починале задно.Лилијан Лил Кар Вилсон (89) и нејзиниот сопруг Вилијам Бил Влсон (93) страдале од Алцхајмерова болест и биле сместени во различни домови за нега во последните неколку години.
Нивниот син Даг на 7 април примил два повика за само пет минути во кои бил известен дека неговите родители починале. Не починале во иста секунда, но во иста минута.
Лил и Бил се запознале во средно училиште пред да се венчаат во 1941 година. Кога слушнал за трагичната вест за скоро истовремената смрт на своите родители, се обидел да најде некоја убава страна во тоа.
„На ова гледаме како на благослов, бидејќи можеме заедно да ги погребаме“, рекол Даг.
Тој раскажал дека неговата мајка во една прилика рекла дека не оди додека не замине Бил.
Парот се запознал пред почетокот на Втората светска војна. Вилијам бил повикан во војска и морал да ја одбие стипендијата од Универзитетот во Кентаки. Одлучиле да побегнат и покрај противењето на родителите.
Четири години подоцна Вилијам се вратил од војска и успеал да отвори неколку продавници за облека. Потоа започнал и утринска радио емисија да го промовира бизнисот кој го нарекол „Wild Bill Wilson“.
„Велеше: Здраво овде Бил Вилсон, вашиот стар црвенокос, пегав пријател од продавницата за облека“, вели Даг.
Семејството подоцна се преселило во Атланта каде сета заштеда ја потрошиле на трговски центар. Но тој план им пропаднал.
Потоа, Вилијам успеал за само 800 долари да започне бизнис во градежништво, додека Лилијен работела како благајничка во банка до пензија и му помогнала во реновирањето на куќата.
Останале блиски до самиот крај, а Даг својата мајка често ја возел од домот во Легсингтон во соседниот град Вилмор за да го види својот сопруг.
Лилијан Лил Кар Вилсон (89) и нејзиниот сопруг Вилијам Бил Влсон (93) страдале од Алцхајмерова болест и биле сместени во различни домови за нега во



