Се обидел да се самоубие поради дебелината, но одеднаш СЀ СЕ СМЕНИЛО!

Нејтан Присли имал само 18 години кога се обидел да изврши самоубиство, со тоа што испил 30 апчиња одеднаш.Меѓутоа, се покажало дека тоа се премалку апчиња за неговата тежина, бидејќи имал 165 килограми.
Момчето од Норвич во тој период до толку страдал поради дебелината, што скоро година дена не излегувал од дома поради насилниците кои го навредувале и го нарекувале Џаба (лик од филмот „Војна на ѕвездите“).
Сѐ се сменило по обидот за самоубиство, а во септември 2011 година, Нејтан одлучил да престане да се сожалува себеси и да го смени животот. За само две години, тој ослабнал 75 килограми и денес работи како личен тренер.
„Отсекогаш бев предебел. Како што растев, злоставувањето во училиштето допринесе уште повеќе да се дебелеам зашто јадев за да се утешам“, вели 21-годишниот Нејтан кој бил зависник од шеќер, а подоцна решил слатките целосно да ги исфрли од исхраната.
Тој додаде дека откако од исхраната ги исфрлил слатките, чипсот и брзата храна, почувствувал симптоми кои наликувале на грип. Но, набрзо слатките ги заменил со индиски оревчиња и преминал на исхрана со малку јаглехидрати и во наредните осум месеци губел по шест килограми месечно.
Меѓутоа, му се случило она што на многумина им се случува кога нагло ќе ослабнат – неизградено тело и обесена кожа. Така, во септември 2013 година започнал со тренинзи, а денес планира да се вклучи во натпреварувања за бодибилдинг.
„Сакам само да покажам дека е можно да се остварат целите. Многу сум посреќен и се наоѓам на далеку подобро место отколку пред три години. Сакам на луѓето да им покажам дека без оглед на тоа колку бев навредуван и злоставуван, дека не можат да ме уништат и дека можам повеќе да постигнам од нив“.Меѓутоа, се покажало дека тоа се премалку апчиња за неговата тежина, бидејќи имал 165 килограми.
Момчето од Норвич во тој период до толку с

Пронајдете не на следниве мрежи: