„Тоа не беше само одлука, туку повик на кој морав да одговорам“, тврди Робин Риналди.Кому би му паднало на памет да земе „одмор“ од бракот? Можеби на некои им дошла таа идеја, но Робин е жената која во тоа ја видела последната „шанса за спас“ на бракот кој се наоѓал на тенок мраз.
Таа сакала деца, нејзиниот сопруг не ја поддржувал идејата. И по некое време отишол на вазектомија. Тоа била капката која ја прелеала чашата и ја натерала Робин да се одмори од бракот.
„Отсекогаш бев личност која живееше според правилата. Немам деца и можам да се пофалам со само четворица партнери во мојот живот. Не сакав да заминам во гроб со таа слика“, почнала Риналди.
Со сопругот се договориле околу правилата за тие година дена. Двајцата можеле да имаат сексуални односи со други луѓе, но не со заеднички пријатели и не без презервативи. Исто така, тие се обврзале на тоа дека нема да влегуваат во сериозни врски.
И додека пријателите на Робин имале поделени мислења околу оваа нејзина авантура, таа сепак го спровела планот во дело.
По година дена одделен живот, таа истакнала дека конечно сфатила колкав притисок му вршела на сопругот.
„Не можете да барате сѐ од некоја личност. И сигурност и страст и цел… Барав премногу од него“.
Таа многу научила и за сексот и нејзиното тело, пишува Time.
„Сексот е училница, а не лекција. Вашето тело ја поседува мудроста. Телото е моќно и може да ви го покаже патот за да не морате секогаш да размислувате за нештата и да дејствувате врз основа на туѓите искуства“.
Откако проживеала година дена надвор од брачната заедница, Робин сепак не им препорачува на другите жени да ги следат нејзините стапки. Таа им порача на младите жени прво да го проживеат сето она што го сакаат, пред да се одлучат да се смират и да изменат завети со саканата личност.Кому би му паднало на памет да земе „одмор“ од бракот? Можеби на некои им дошла таа идеја, но Робин е жената која во тоа ја видела посл



