Во изминатите неколку денови, една од главните теми во Хрватска беше изгубеното куче Чико, кој е мешанец од американски стафорд.Кучето исчезнало за католички Велигден, а сопственикот Борна Јакушиќ (27) без престан го барал, а за неговото пронаоѓање нудел вредна награда. Тој поставил летоци низ цел Загреб, на кои пишувало дека го бара кучето, а дека на чесниот пронаоѓач како награда ќе му подари Порше 924 2.0 од 1979 година!
Со денови се јавувале луѓе кои не го пронашле кучето, но сакале да дојдат до автомобилот. Едно скромно семејство го пронајде кучето, но ја одби наградата.
„Тие не сакаа да го земат Поршето. Упорно го одбиваа, како и било која друга награда. И самите се големи љубители на животни и сопственици на куче, па ми кажаа дека знаат какво е чувството кога ќе се изгуби некој кого толку многу го сакате“, рекол Борна и додал дека детенцето од семејството кај кое се наоѓало неговото куче, многу се приврзало за него.
Станува збор за социјално загрозено семејство и сега пријателите на Борна одлучиле на поинаков начин да ја вратат добрината.
„За почеток, ќе направиме сѐ малечкиот Романо да го добие својот прв велосипед, лаптоп и уште многу други работи. Доброто со добро се враќа“, рекол пријателот Антонио Јурчевиќ, кој учествувал во потрагата по кучето.Кучето исчезнало за католички Велигден, а сопственикот Борна Јакушиќ (27) без престан го барал, а за неговото пронаоѓање нудел вредна награда. Тој



