Никогаш полесно.. Еве како да ги изчечите сувите и испукани усни.Промените на времето, ветрот, ниските надворешни температури се вистински непријатели на усните. Покрај ветрот и студот, усните пукаат и заради дишењето на нос, заради одредени лекови со кои се лечат акните, дехидрираност на телото и друго. Без оглед на причината, еве како да ги излечите испуканите усни за тоа повторно да не ви се случува.
Навечер, додека ги миете забите, исчеткајте ги и усните за да се ослободите од сувите и оштетени делови. Правете го тоа со меко четче за заби и кружни покрети, зошто така ќе ја подобрите и циркулацијата на усните. По масажата ставете на уните мед и оставете го да делува 10 минути. Така кожата на усните ќе биде поеластична. Кога ќе го тргнете медот, намачкајте се со балзам кој во себе има витамин Е, а посебно се добри бадемовото масло или маслото од јојоба.
Ова е посебно добро да се прави навечер, бидејќи тогаш кожата на усните најдобро се регенерира. И не заборавајте дека со годините, кожата на усните станува потенка, исто како и другите делови на кожата на лицето и телото. Потенки стануваат и самите усни. Тоа е нормален, природен процес, но доколку усните ги негувате, подолго време ќе ви бидат убави.Промените на времето, ветрот, ниските надворешни температури се вистински непријатели на усните. Покрај ветрот и студот, усните пукаат и заради диш



