Навидум обично среќно семејство како и останатите. Но тие се се освен ОБИЧНИ

Британката Елен Боун  ги родила Алекс и Рут и тука престанува се нормално поврзано за ова англиско  семејство. Елен, воедно е и полусестра на своите деца. Не, таа им е тетка… Не… Добро, бидејќи оваа приказна е премногу замрсена, подобро да почнеме по ред… Елен Боун од Лондон родила три деца: ќерката Меди (17) и близнаците, Алекс и Рут(12). Но,  „службено“ таа е мајка само на Меди.Што се однесува до близнаците, Елен ги родила како сурогат мајка на сопствената мајка Џени. Користела свои јајцеклетки , а оплодени се со сперма од нејзиниот очув Тони
И сега, во какво сротство се тие?
Биолошки гледано, Меди  на близнаците им е полусестра, но бидејќи ги усвоила мајка ѝ на Елен, законски тие ѝ се татка и вујко. Збунувачки, нели?
Одиме понатаму
Елен на близнаците им е биолошка мајка, но според законот таа им е полусестра. Истовремено, Џени и Тони на близнаците им се биолошки баба и дедо, а законски родители.
Колку и да звучи неконвенционално и комплицирано, оваа ситуација не е единствена. Ваквите  приказни, очекувано, предизвикуваат расправии. Некои ваквите модерни семејства ги нарекле неетични и ги преиспитуваат законите со кои е дефинирано сурогатството и медицински потпомогнатото оплодување.

Но, Елен Боун и нејзината мајка Џени Диас уверуваат дека во нивната приказна нема ништо вознемирувачко. Добро, освен тоа кој кому што е во семејството.
„Секогаш се придржувавме до  службените меѓуодноси. Според тоа, близнаците мене и сопругот  не нарекуваат мама и тато. Единствено со Елен е малку поинаку“, рекла Џени.

„Кога беа мали, Елен ја нарекуваа `tummy mummy`, а сега е само Елен. Таа им е втора мајка“, објаснува Елен. Изразот `tummy mummy` може да се преведе како ‘мајка која го позајмила својот стомак’.
„Од самиот почеток бевме отворени по прашањето како настана близнаците“, изјавила Елен.
До целата оваа ситуација дошло кога Тони и Џени се венчале во 1999 година  и сакале дете, а Елен не им дозволила да земат непозната сурогат мајка, па се понудила самата.
Девете семејства живеат одвоено, но на иста улица. Многу се поврзани и блиски.Што се однесува до близнаците, Елен ги родила како сурогат мајка на сопствената мајка Џени. Користела свои јајцеклетки , а оплодени се со сперма од

Пронајдете не на следниве мрежи: