Ден Брет и неговата девојка Гема Портеус добиле прекрасни близначки.Но кога биле стари само 4 седмици, Моли починала. Неколку месеци подоцна, ја изгубил и Гема, која починла од рак на коските. Имала само 22 години.
На фудбалерот на шкотскиот Кауденбет светот му се првртел кога се родиле близначките три месеци порано.
„Никогаш не сум изгубил никого пред Моли. Не можем да ви опишам колку ни беше тешко. Беше тешко болна. Но, кога ја видов во малит ковчег, беше толку убава, така спокојна. Не знаев како воопшто можам да се носам со тоа дека повеќе ја нема“, вели Ден.
Нов шок следел кога Гема отишла на доктор поради неподносливите болки во грбот. Дијагнозата била рак на рбетот. Во септември отишла на операција. И никогаш повеќе не се вратила дома. „Никогаш не се жалеше ниту се запраша зошто баш јас“, се потсетува Ден.
„Навистина е многу тешко. Но морам да бидам позитивен и среќен, поради Мија“, одлучен е Ден и додава дека тагата го обзема на чудни места. „Се возев со автобус на физиотерапија и помислив – во ова време минатата година Гема беше бремена, потоа се родија Мија и Моли. Гема доби рак и сега веќе ги нема и двете“ низ солзи вели Ден, и додава дека се уште сето тоа му делува нереално.
„Морам да бида силен за Мија. Понекогаш кога ќе ја погледнам ги гледам Моли и Гема во нејзе. Се прашувам што прават тие сега“, заклучува Ден.Но кога биле стари само 4 седмици, Моли починала. Неколку месеци подоцна, ја изгубил и Гема, која починла од рак на коските. Имала само 22 години.



