Една жена повеќе не можела да го трпи тоа што сопругот не и посветува доволно внимание, па одлучила да го остави и тоа така само што му оставила писмо. Меѓутоа кога добила писмо од него, сигурно се покајала.Драг мажу,
Ти го пишувам ова писмо да ти кажам дека те оставам. Десет години ти бев добра жена, но што добив за возврат? Овие две недели беа еднакви на пекол. Твојот шеф ми телефонираше да ми каже дека само што си дал отказ, а тоа за мене беше последна капка која ја прели чашата. Минатата недела дојде дома не ни забележа дека сум била на фризер и маникир, дека го подготвив твоето омилено јадење и дека носев нов корсет. Дојде дома, заврши со вечерата за 5 минути и отиде право во кревет после фудбалскиот натпревар. Не ми кажуваш повеќе дека ме сакаш, не ме гушкаш, ниту било што друго. Или ме изневеруваш, или не ме сакаш повеќе, но што и да е во прашање, јас заминувам. Со среќа, твојата поранешна жена.
П.С. Не се обидувај да ме бараш. Твојот брат и јас се селиме заедно.
Како и возвратил тој, погледнете на следната страна:
Драга поранешна жено,
Ништо не ме израдувало повеќе од ова твое писмо. Вистина е дека јас и ти бевме 10 години во брак но, ти не беше ни приближно добра жена. Јас гледам фудбал за да исклучам од секојдневните расправии. Штета што тоа не помага. Забележав дека минатата недела ја промени фризурата, но прво што ми падна на памет беше: „Изгледа како маж“. Мојата мајка ме научи, ако немам да кажам нешто убаво, да молчам. Кога го подготви моето омилено јадење, мора да си ме помешала со мојот брат, бидејќи јас престанав да јадам свинско месо уште пред 8 години, кога го открив каменот во жолчката. Отидов а спијам иако на себе го имаше тој корсет, бидејќи цената се уште беше закачена на него. Го молев Бог тоа да е само случајност што мојот брат утрото од мене позајми пари, а цената на корсетот изнесуваше толку колку што ми побара тој. И покрај тоа јас се уште те сакав и чувствував дека уште можеме да бидеме заедно. Затоа, кога дознав дека сум добил 10 милиони евра на лото, дадов отказ и купив за нас двајца две карти за на Куба. Сепак, кога дојдов дома, ти веќе беше замината. Претпоставувам дека се ова се случувало со причина. Се надевам дека имаш исполнет живот, каков што отсекогаш си сакала. Адвокатот ми рече дека поради писмото кое ми го напиша нема да морам да ти дадам ниту една пара. Води сметка за себе. Твојот поранешен сопруг, пребогат и слободен.
П.С. Не знам дали некогаш сум ти кажал, но мојот брат Иван, се роди како Ивана. Се надевам дека тоа не ти претставува проблем. Драг мажу,
Ти го пишувам ова писмо да ти кажам дека те оставам. Десет години ти бев добра жена, но што добив за возврат? Овие две недели бе



