Овој татко победува на маратони за да го ОДРЖИ во живот својот болен син!

Маж од Њујорк, кој има победено на три маратони во последниве осум дена, рече дека заработените пари од победите ќе ги даде за лекување на неговиот син кој боледува од спина бифида, болест која најчесто предизвикува трајно телесно оштетување.Брајан Морзман (29) и неговата сопруга Сара, минатата година дознале дека нивниот сѐ уште не роден син боледува од спина бифида и доколку не се почне со лекување на време, болеста може да предизвика трајно оштетување на мозокот. 
Малиот Леим, кој е роден на 20 јуни минатата година, скоро девет месеци оди на терапии трипати неделно и лекарите сѐ уште не се сигурни дали тој воопшто ќе може да се движи.
Заработените пари од маратоните, поточно 5.750 долари, Брајан ќе ги искористи за покривање на трошоците за лекување на синот.
Но, бидејќи таа сума не е доволна, тој и неговата сопруга покренале GoFundMe кампања за прибирање на средства со кои би ги покриле медицинските трошоци.
Брајан Морзман (29) и неговата сопруга Сара, минатата година дознале дека нивниот сѐ уште не роден син боледува од спина бифида и доколку не се поч

Пронајдете не на следниве мрежи: