ЗАПОЗНАЛА МАЖ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ: А потоа се случил вистински УЖАС…

– Беше многу осамена, само сакаше љубов. Тоа животно го искористи нејзиниот грижлив карактер. Се уште не можам да поверувам дека некој можеше да ја повреди мојата беспомошна сестра на толку страшен начин….Кога Шарон Винтерс се пријавила на интернет страницата за запознавање, се надевала дека ќе го сретне мажот од своите соништа. Наместо тоа, таа го запознала Кевин Хаук, насилен маж кој на крајот ја убил. Сега, нејзиниот брат Стефан Робинсон прв пат проговори по убиството , со цел да ги предупреди жените кои запознаваат луѓе преку интернет да бидат внимателни.
– Беше многу осамена, само сакаше љубов. Тоа животно го искористи нејзиниот грижлив карактер. Се уште не можам да поверувам дека некој можеше да ја повреди мојата беспомошна сестра на толку страшен начин.
Тој вели дека неговата сестра претрпела повеќе од 90 убоди од нож. Добила повреди на црниот дроб, белите дробови, слезината и срцето. После нападот Хаук мирно си се напил пиво и повикал полиција.
Хаук (33) е осуден на најмалку 17 ипол години затвор, откако го признал убиството во јули минатата година.
Пред судот е кажано дека Хаук се преселил кај Шарон веднаш после првиот состанок. Веднаш почнал да ја контролира 39-годишната Шарон која патела од депресија и имала потешкотии при учењето.
Брат ѝ ја молел да ја раскине врската, но Шарон му рекла дека само очајнички бара да биде сакана, па престанала да разговара со брат ѝ.
– Таа ја продолжи врската со  тоа чудовиште.
Само 3 дена подоцна, на 13 јули 2014 година, полицијата го пронашла нејзиното тело во станот во Ливерпул.
Сега нејзиниот брат сака да ги предупреди сите жени да не остануваат во врска со насилни момци и да бидат внимателни со мажите кои ги запознаваат на интернет.
– Шарон беше најљубезна личност. Само сакаше да си ја пронајде својата сродна душа. Беше љубезна и грижлива, драга жена.
Шарон која не била способна за работа поради депресијата, се пријавила на интернет страницата за запознавање кон крајот на 2013 година.
Стефан, таткото на седум деца, се плашел дека некој ќе ја искористи неговата помлада сестра.
– Постојано ја проверував, бев нејзин заштитник. Еден ден забележав дека е поведра, а таа ми рече дека запознала некој онлајн. Ми ги покажа неговите пораки, а јас бев во ужас. Беа премногу сексуални, тој дури и имаше испратено фотографии од неговите гениталии. Се плашев дека него го интересира само една работа, и тоа и го кажав. Таа ми одговори дека и годи разговорот на интернет со него..

 
– Беше фрустрирана поради моето неодобрување, па ја сменив темата. Само ја замолив ваквите луѓе да ги запознава на места каде има гужва.
Сепак, таа викала некои од тие луѓе во нејзиниот стан за да се запознаат.
– Покрај сите квалитети кои ги имаше, на мојата сестра и недостасуваше здравиот разум. Беше злоставувана во детството, па се чувствуваше безвредно, недостојна за љубов. Мојата сопруга и јас се обидувавме да и ја изградиме самодовербата, децата сакаа да бидат со тетка им.
– Но на крајот од денот таа сакаше некој со кој ќе го сподели животот.
– После првата средба со него ми се јави, ми рече дека тоа е љубов и дека ќе живеат заедно. Бев загрижен но не сакав ништо да и речам бидејќи знаев дека ќе ја вознемирам. Наместо тоа, сопругата и јас договоривме вечера со нив, но Кевин не се појави.
– Одложивме за следниот ден, но се повтори истата ситуација. Тогаш слушнав гласни дека е агресивен кон неа, па ја замолив да ја прекине врската со него. Таа само ми рече: „Никој друг не ме сака“….Тоа ми го скрши срцето.
Таа останала глува на молбите од брат ѝ и престанала да разговара со него.
– Малку се скаравме околу тоа, ми беше чудно што не се јавува, па решив да отидам до кај неа.
Сепак одлучил прво да погледне вести. Тогаш на локалната интернет страница видел наслов: „39 годишна жена, пронајдена мртва во својот стан“, а покрај насловот слика од неговата сестра.
– Осетив мачнина во стомакот, повикав полиција, а тие ми потврдија дека е мртва. Веднаш знаев кој ја убил. Од полиција ми кажаа дека Кевин повикал полиција откако ја убил мојата сестра.
Сега Стефан сака да ја подигне свеста за насилство во семејството, како и да ги предупреди жените колку кобно може да биде запознавањето на мажи преку интернет. Кога Шарон Винтерс се пријавила на интернет страницата за запознавање, се надевала дека ќе го сретне мажот од своите соништа. Наместо тоа, таа го з

Пронајдете не на следниве мрежи: